03 Мај, 2024
0.0283

Поради брзиот начин на живот дали домаќинките имаат време да месат леб?

Објавено во: Македонија 02 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Деновиве топ тема е цената на лебот. Владата ја замрзна на 33 денари, пекарите вчера не донесоа тазе леб во маркетите, а многу граѓани на социјалните мрежи пишуваат дека и самите можат да си месат леб.

Но, во трката со сите обврски, работа, чување на деца, ги прашавме жените дали практикуваат да месат леб. Светлана Петковска, претседателка на Организацијата на жени на Општина Битола вели дека таа на свои 62 години повремено меси, но смета дека жените денес немаат толку време за да подготвуваат домашен леб. Сепак, објаснува дека ако треба да бираат меѓу купен и домашен, би го избрале домашниот леб.

„Темата е многу комплексна и тука станува збор за прашање на време, волја и потреба. Младите сè помалку јадат леб, а старите сè повеќе. Младите жени, мајки, домаќинки, немаат време да месат леб. Дел од нив не знаат да месат. Знам три фамилии кои купија мини фурни, но кратко ги користеа. Ако сакате да направите убав леб, квалитетното брашно е 40 денари килограм, треба да вклучите рерна за да го подготвите, но и да изгубите три часа додека да се замеси, размеси, испече. Дури и во руралните средини, сите жени не месат домашен леб, туку си купуваат. Ако обработуваат ниви, чуваат стока или одат на работа, полесно им е да купат леб. Доколку се работи за двајца луѓе, ако еднаш неделно месат домашен леб, ќе треба да го замрзнуваат и прашање е колку е тоа практично“, рече Петковска.

Славица Паланкова од струмичкото село Муртино вели дека таа не меси леб, туку си купува.

„Порано со свекрвата месевме, но сега немам време. Во селото некои жени месат, а некои си купуваат леб. Додека да се подготви леб се потребни два часа, но и електричната енергија е поскапена, сметките се високи“, кажа Паланкова.

Николина Јанкулова, која живее во селото Блатец и е членка на здружението „Златно доба“ од Виница вели дека најважна е волјата, дали жените сакаат да месат леб или не.

„Имам 78 години, сама сум и си месам леб, затоа што купениот не можам да го јадам. Ние пензионерите имаме слободно време, но младите немаат толку многу време. Во селото повеќето жени си купуваат брашно, си имаат фурни, си прават домашен леб, со исклучок на младите кои се зафатени или старите кои се изнемоштени. Да се меси леб воопшто не е тешко“, објаснува Јанкулова.

Вработените жени велат дека дури и ако знаат да подготвуваат домашен леб, поради работните и домашните обврски, на тоа можат да се посветат во викендите.

„Јас не знам да месам, додека сестра ми знае. Постарите жени велат дека е лесно да се направи домашен леб. Повеќето жени што ги знам си купуваат леб, ретко некоја да меси, но дури и кога би знаела да месам, тоа би можела да го правам попладне, после работа или за време на викенд“, објаснува жена од Крушево.

Цената на лебот е замрзната до крајот на мај, но заканите за празни рафтови се остварија. Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, откако пресметале дека дел од поскапувањата се неоправдани. Tие како аргумент  го наведоа и тоа што ист леб се продава по драстично различни цени низ земјава – од 28 до над 45 денари. Владата ја укина и субвенционираната струја за прехранбената индустрија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/pch.vector

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи