06 Мај, 2024
0.0234

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА: Ќе точиме бензин и дизел по повисоки цени за еден денар

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,96 отсто.

„Одлуката следува како резултат на зголемување на референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и тоа кај бензинот во просек за 5,531 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,256 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 5,965%  и кај мазутот зголемување e во просек за 2,735 отсто“, соопшти РКЕ .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,412 отсто.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажните цени ќе бидат следните:  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит,  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ ќе изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и ќе изнесува 25,396 ден/кг.

Од 23.06.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  60,50(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  62,50(денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  52,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  41,00(денари/литар)

Мазут М-1 НС    25,396(денари/килограм)

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопштија регулаторите.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години