28 Април, 2024
0.0249

После лошите вести, шефот на „Hugo Boss“ ја напушта империјата

Објавено во: Стил 26 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Клаус Дитрих Ларс поднесе оставка на местото извршен директор на германското модно царство  „Hugo Boss“

Вредноста на акциите на „Hugo Boss“ падна на најниско ниво во последните пет години откако управата јавила дека во тековната година очекуваат бавен раст и поголем пад на оперативната добивка што ги покажувале претходните проекции за 2016 година.

Акциите на „Hugo Boss“ моментално се тргуваат за 51,68 евра, додека во најдобрите денови нивната вредност изнесувала 120 евра.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BoF/status/702853189192830976?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Побарувачката за луксузни производи во последните година дена значајно се намалила, а падот на продажбата најмногу се почуствувал токму на двата клучни пазари-оние на Кина и САД.

Ларс целата своја кариера ја помина во модната индустрија, а пред  „Hugo Boss“ извршуваше менаџерски позиции во модните куќи Картиер, LVMH и Кристијан Диор. Функцијата извршен директор во „Hugo Boss“ ја презеде во 2008 година, токму во екот на светската економска криза, а под негово водство и стратегија на ширење компанијата успеала да го совлада исклучително тешкото економско опкружување кое донело жесток притисок за произведувачите на луксузни производи.

Еден од неговите први чекори беше покренување на онлајн продажба и воведување на повеќе колекции и дизајнерски линии. Ларс спроведе драстично реструктуирање на работата, го намали бројот на вработени, го редуцираше времето за развој и инвестирал во автоматизација. Резултатите на овие потези набрзо се видеа во продажните бројки и резултираа со скок на вредноста на акциите за повеќе од 800 одсто.

Ларс во „Hugo Boss“ на местото креативен директор го донесе Џејсон Фу, омилениот дизајнер на првата дама на Белата куќа Мишел Обама, под чие водство живнал сегментот на бизнисот наменет за жени.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти