Постои ли списокот за разрешување на судии?
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2018
Се огласи Зоран Караџовски, претседателот на Судскиот совет, откако добил наплив на прашања од судии и претседатели на судови дали ќе бидат разрешени. Тој вели дека список за масовно разрешување на судии не постои
„Едно е претставка друго е барање за разрешување. До овој момент во Судскиот совет на Република Македонија вкупно има 219 претставки и поплаки доставени од граѓаните и правни лица за работа на судиите или претседатели на судови. Во оваа бројка е и бројот на претставки и поплаки кои се вратени во работа кај нас, а се незавршени или започнати од веќе укинатиот совет за утврдување на факти за одговорност за судии“, вели Зоран Караџовски- претседател на Судски совет