26 Април, 2024
0.0293

Постпразнична еуфорија во Skopje City Mall

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

По сите празнувања исполнети со пријатни моменти и подароци споделени со семејството и пријателите, почетокот на годината носи многу новости и возбудувања. Причина повеќе за продолжување на празничната еуфорија е LAST MINUTE SALE во Skopje City Mall, со попусти и до 70%.


Skopje City Mall никогаш не престанува да изненадува со најдобрите понуди на парчиња облека од омилените брендови, со козметика, модни додатоци или бела техника, во кое било време и сезона. Таму, на едно место, под еден покрив, може да најдете сè што ви недостасува, било да се работи за гардероба или за производи за домот. Затоа, не двоумете се, земете го вашиот паричник и упатете се кон еден од најголемите трговски центри во Македонија. Зашто таму ве очекуваат неверојатни попусти. Направете добар план пред да тргнете, задолжителни точки на шопинг обиколката и почнете.

На приземје ве очекуваат неверојатни понуди на обувки од Bata, Aldo, Geox, подготвени за состаноци и дружби со Nine West, New Yorker, Mango, секогаш на време со My:Time, комплетирани со Parfois, Pandora … Продолжете нагоре во Arthur’s, Fashion & Friends, Lacoste, Mona… Пред да земете здив и направите пауза, не ги заборавајте Kares, JYSK, Neptun, Anhoch, AMC. Нивните понуди во рамките на LAST MINUTE SALE, со неверојатни попусти и до 70%, ќе ви дадат можност со ист буџет да купите не еден туку повеќе подароци за себе и најблиските.


Шопингот секако знае да биде заморен. Но, Skopje City Mall не е само место за полнење на вашите гардеробери и опремување на дом, туку е и места за опуштање со пријателите, со пијалак или добра храна и доволно простор за да ги спуштите кесите и размислите што следно ви остана за купување, со цени намалени и до 70%.

Еуфоричната состојба во која чувствуваме задоволство и интензивна среќа трае веќе од 19ти јануари до потрошување на залихите и ја доживуваме во Skopje City Mall. А што значи да си вистински еуфоричен? Едноставно, да излезеш од Skopje City Mall со полни раце подароци за себе и за најблиските.


Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ