15 Мај, 2024
0.0259

Посветеност на вработените во клучни предизвици: СН Осигурителен брокер на тим билдинг

Објавено во: Економија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на големи предизвици за економијата и за компаниите, клучен момент е односот кон вработените. Во време кога се води битка за секое работно место, сепак важно е да се знае дека вработените се столб на една фирма. Дел од домашните компании имаат начини и успеаваат да се грижат за своите луѓе. На посебен тим билдинг кој траел три дена СН Осигурителен брокер АД Битола потврдува дека фокусот се мотивацијата на нејзиниот тим и градењето на човечките ресурси и професионалните капацитети.

Оттаму велат дека мотивацијата е една од клучните алатки за градење силен и инспириран тим и дека само со енергија, инспирација и креативност, мотивацијата го поставува тимот на ниво, каде успехот е неизбежен.

„Се мотивиравме од најдобрите. Со д-р Жарко Костиќ само потврдивме дека ако ја развиваме и градиме мотивацијата можеме да бидеме најдобри. Најдобри во сопствениот професионален развој, најдобри во квалитетот кој што им го нудиме на нашите клиенти, велат од компанијата.


Тим билдингот бил посветен на идните проекти, развојот, за успесите и целите кон кои се стремат. Тим билдингот бил на Охридско езеро, на патот за Св. Наум, местото на вечниот извор на енергијата, креацијата, инспирацијата.

„Вработените, тимот на СН Осигурителен брокер АД Битола, сите бевме таму, од петокот до неделата, стопроцентно подготвени да усвојуваме нови знаења и вештини, но и да се запознаеме подобро меѓу себе и со секој чекор да стануваме се подобар тим, тим со подготвеност за поддршка едни на други и тим со безрезервна меѓусебна доверба, соопштија од СН Осигурителен брокер. 

Во следниот период ќе бидат посветени на новите предизвици и на своите клиенти. 

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри