02 Мај, 2024
0.0280

Поткупи, закани, агитирање: Што се регистрираше досега МВР како неправилност на избирачките места?

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Во 7 часот утрово на 3 480 избирачки места почнаа вонредните парламентарни избори. Во шест изборни единици се избираат 120 пратеници во Собранието, додека седмата изборна единица, за странство, во која се гласаше вчера, дава до три пратеници.

Досега од МВР се регистрирани низа прекршоци.

Организиран превоз, агитирање, поткуп, се дел од забележаните нерегуларности.

Во населба Шуто Оризари, лица блиски до функционер делеле огревни дрва за поткуп и истите ги превезуваат со Комбе. ПОШ на СВР Скопје усно е известен од страна на Командирот на ПС ОН Чаир дека се извршени проверки но не се пронајдени лица ниту огревни дрва.

Во с. Средно Коњари - избирачко место 2383, од штабот на политичка партија кој е во непосредна близина на избирачкото место била пуштана гласна музика со песни за политичката партија со што причинувала незадоволство кај гласачите.

- На ул.Шуто Оризари во центарот кај таксистите, пријавителот се поплакува од едно познато и 5-6 непознати лица дека му се заканувале за да гласа за одредена политичка партија.

-На ул. Ленинова, на потегот од Партизански одреди до Илинденска, непознати лица со ПМВ Шкода сопираат граѓани и истите нудаат пари за да гласаат за одредена партија.

-На избирачко место бр. 1029 во Клуб на резервни воени старешини во Куманово на ул. „Иво Лола Рибар“ лице откако гласало го фотографирало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

-  Во Штаб на партија спроти ОУ „Дитурија“ биле делени пари на граѓани.

-  На ул. 2 во Идризово пред избирачко место била собрана поголема група лица кои агитирале кај граѓаните кои доаѓале да гласаат.

-  Во с.Сандево ОУ „Александар Урдаревски“ со ПМВ Рено и Комбе во неколку наврати се носат гласачи.

-  На ул. „Дижонска“ пред училиштетоима четири лица од кои две се косовски граѓани и истите им се закануваат на гласачите кои идат на гласање и агитираат за некоја партија (не посочи која). Пријавителот приметил дека едно од лицата имало пиштол кој го покажувал на гласачите додека се заканувале.

-На подрачјето на гласачкото место бр. 0677 во ОУ „Тоде Хаџистефов“ во Кавадарци од страна на избирачкиот одбор е пријавено дека брачен пар, откако дошле на гласачкото место зад параванот почнале меѓусебно да се договараат, за кого да гласаат, по што сопругот го земал ливчето од неговата сопруга, го скинал и ја напуштил просторијата, по што во 12,00 часот, гласањето е прекинато. Од страна на претседателот на избирачкиот одбор повикан е УПС во моментот се пребројуваат гласачките ливчиња, а за настанот е консултиран и ОЈО Кавадарци и се чекаат насоки за натамошно постапување. 

Можеби ќе ве интересира

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар