26 Април, 2024
0.0424

Потпишан договорот со Мурат Тиџарет кои ќе инвестираат 6,6 милиони евра

Објавено во: Економија 01 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, претставена од директорот Александар Младеновски и менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Ѓулсој потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2, со што се очекува нова инвестиција која за почеток ќе изнесува околу 6,6 милиони евра и 300 почетни вработувања..

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев во своето обраќање пред присутните истакна дека потпишувањето на договорот за градежно земјиште е доказ дека Владата ќе гради добар однос со странските, но и со домашните инвеститори и дека владината поддршката за нови инвестиции ќе биде и повисока од минатото.

„Мерките од Планот за економски раст се транспарентни и со јасни критериуми за инвеститорите. Направивме симулација на постојните договори коишто ги имаме склучено со компаниите во ТИРЗ и резултатите се охрабрувачки. Сите компании кои работат со успех и се развиваат би биле и подобро поддржани. За таа цел Владата во новиот буџет детерминираше  46% повеќе средства во Програмата за економски развој за поддршка на инвеститорите, а се кратат непродуктивните трошоци за реклами. Разговараме со нови 19 инвеститори, а токму толку компании се моментално активни во ТИР зоните“, потенцираше Анѓушев.

Ејуп Ѓулсој, Менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, појасни дека планираат во првата фаза да инвестираат 6,6 милиони евра, со кои треба да се изгради производствен капацитет од над 6.000 метри квадратни метри и да се вработат околу 300 лица. Во периодот од 10 години, компанијата би вработила вкупно 600 лица, а вкупното производство би се простирало на околу 18.000 метри квадратни.

„Географската положба на Република Македонија, односно близината до Европската Унија, квалификуваната работна сила, позитивниот пристап на Владата и новиот пакет на мерки за државна помош кои Владата ги подготвува беа фактори кои придонесоа компанијата да се одлучи да инвестира во Република Македонија“, истакна Ѓулсој.

Директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски истакна дека условите за инвестирање во зоните се исти за сите компании и дека дирекцијата е во постојани преговори со домашни и странски компании кои се заинтересирани за инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра