Потпишан Кодексот за фер избори, што порачаа Трајановски и Шилегов?
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2017
На денешното потпишување на Кодексот за фер избори кандидатите за градоначалници се обрзаа на демократска изборна трка. Меѓу кандидатите постојат различни очекувања дали потпишаното ќе се почитува, но сите порачаа дека треба да има фер кампања.
Актуелниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски трката за трет мандат очекува да биде фер и побара од новата влада да направи сериозни напори со оглед на нејзиното досегашно работење.
Неговиот противкандидат Петре Шилегов од СДСМ не им посака среќа на своите конкуренти, туку дека граѓаните ќе одлучат да направат промена и она што му се случуваше на Скопје и на останатите општини повеќе никогаш да не се повтори.
Утре започнува изборната кампања кога партиите ќе можат и официјално да се промовираат, да држат митинзи и да ја претстават кампањата како и своите кандидати. Гласањето во првиот круг од локалните избори е на 15 октомври.