26 Април, 2024
0.0304

Потребни 50 фирми за отворање електронски продавници

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната Конференција во Битола посветена на мерките и идеите за развој на мали и средни претпријатија најави дека во текот на следната недела Министерството ќе распише нов оглас за отворање на веб-продавници. - На првиот конкурс за електронски продавници за 50 места имаше 32 бизнис пријави и лично сметам дека може подобро затоа што свеста во Република Македонија за електронска продавница е неизградена, владее страв, чувство дека таму има корупција, криминал и злоупотреби на податоците. Но, тоа не е точно ниту логично. Ги охрабрувам сите да се пријават на огласот што наредната недела ќе го објавиме за 50 компании за отворање веб-продавници и своите производи да ги пласираат низ цел свет, изјави Ивановски. Во Република Македонија 99 проценти од регистрираните компании се мали и средни претпријатија, додека во пелагонискиот регион како втор во државата има 11 отсто од вкупниот број мали и средни претпријатија во државата. - Сакаме заеднички да придонесуваме за развиена економија во Република Македонија и затоа со вложувањето во образованието во овој сектор можеме да обезбедиме нова додадена вредност на економијата со која што нашата држава ќе биде конкурентна во ЕУ и надвор од ЕУ. Како Министерство посетивме 20 општини и остваривме средби со повеќе од 200 компании од каде добивме 190 нови предлози во функција на проектот регулаторна гилотина, а 40 од нив се активни мерки како составен дел од програмата за работа на Владата на Република Македонија. Нашата цел е да ги поедноставиме сите процедури и да им дадеме предност на малите и средни претпријатија, посочи Ивановски. Проектот на УСАИД „Бизнис без граници“ го привлече вниманието на јавниот, приватниот, граѓанскиот и академскиот сектор и во него се вклучени повеќе од 200 компании кои почнуваа бизнис или го развиваат својот бизнис, беше истакнато на конференцијата. - Сите можеме да се согласиме дека малите и средни претпријатија се р‘бетот на силна домашна економија, придонесувајќи значајно кон креирање работни места и генерирање приход, истакна заменик шефот на мисијата на САД во Република Македонија Брајан Агелер. На конференцијата во Битола градоначалникот Владимир Талески предочи дека локалната самоуправа презема конкретни и плански програмирани мерки за самоодржливост на малите и средни преторијатија.  

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра