06 Мај, 2024
0.0244

Потрошија ли граѓаните 170 милиони евра за три дена од Викенд без ДДВ: Затворени дуќани, слаб интерес за македонски производи

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Успеаја ли граѓаните да потршат 170 милиони евра во изминатите три дена кои во Македонија всушност беа продолжен „Викенд без ДДВ“. Такви проекции даде Владата најавувајќи го проектот, со кој на граѓаните требаше да им биде вратен сиот Данок на додадена вредност (ДДВ) за купените домашни производи и услуги или за некаква ИТ опрема. Се прогнозираше и кон нив да се вратат над 17 милиони евра. Сепак и покрај тоа што се очекуваше да има гужви и граѓаните да брзаат да купат нешто, тоа на терен не се покажа така. Конечните бројки за тоа колку било потрошено ќе се знаат денеска.

Дел од граѓаните велат дека не пазареле многу затоа што немале голем избор на македонски производи, а компјутерите не се работи кои се купуваат секојдневно и без план. Дел од купувачите се жалат дека некои дуќани немале фискални каси кои ги двојат македонските од другите производи, оти само така по скенирањето, за купеното можеше да се реализира повратот. Во текот на продолжениот викенд повеќето од дуќаните си остана затворени, затоа што и не се регистрирани со викенд работно време.

Експертите велат дека со ова се отвора и прашањето за застапеноста и преферирањето на домашните производи во домашната трговија. 

Павле Гацов, даночен експерт вчера на фејсбук објави дека оваа мерка покажала слабости кои можеле да се предвидат. Потенцираше дека во голем број случаи, во фискалните сметки прометот на македонски производи се номинирани како промет на останати производи. Ова, според него, ја девалвира целата мерка и ја прави нефункционална.

Инаку првиот ден односно на 10 октомври од УЈП соопштија дека прометот е зголемен за три пати, но вчера и завчера немаше никакви детали.

Државата ќе им го врати целиот ДДВ за време на продолжениот „Викенд без ДДВ“ и тоа во рок од 15 дена од скенирањето на сметките. Од друга страна сите сметки кои ќе се соберат во тие три дена требаше да се скенираат само најкасно три дена по издавањето на сметката.

В.Д. директорот на УЈП Фарук Омери за „Викенд без ДДВ“ на прес-конференција изјави дека основна цел на оваа мерка е повеќе пари кај граѓаните, посебно во овој период од годината кога граѓаните имаат повеќе трошоци. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот