03 Мај, 2024
0.0284

ПОВТОРНО ДОЗВОЛЕН ИЗВОЗ НА ДЕЗИНФИЦИЕНСИ - услов 30 отсто да има за домашниот пазар

Објавено во: Економија 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владата повторно го дозволува извозот на дезинфициенси од земјава. Тоа е наведено во најновата владина Одлука, објавена во вчерашниот број на Службен весник. Одлуката е поставена и на веб страницата на Царинската управа.

Станува збор за Одлука за дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВОД-19. 

Со оваа одлука всушност компаниите во земјава кои произведуваат средства за дезинфекција, како што се сапуни, препарати, гелови и други слични производи, ќе смеат нив повторно да ги извезуваат, со тоа што претходно ќе мора да прилоѓат изјава дека во магацинот или складот имаат 30 отсто од просечното дневно производство, кое ќе биде наменето за домашниот пазар.

Всушност, на претходната одлука се додава нова точка, која гласи: Се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Северна Македонија на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси со тарифна ознака 3401, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства со тарифна ознака 3402, тоалетни препарати со дезинфекциони средства со тарифна ознака 3307 90 00 00, мешаници на хемиски соединенија со тарифни ознаки 3824 99 92 00, 3824 99 93 00 и 3824 99 96 00, и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80 отсто vol или повисока со тарифна ознака 2207 10 00 00, со тоа што при секој извоз кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацинот односно складовите располага со 30 отсто од просечното дневно производство на средства за дезинфекција, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар“. 

Како што е познато, кога почна коронакризата во земјава дојде до огромен недостиг на дезинфициенси, поради што беше забранет увозот. Сега тие почнаа да се произведуваат и во земјава и има доволно колични, поради што извозот повторно е дозволен.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски