Повторно земјотрес во источна Македонија
Објавено во: Македонија 25 Април, 2022
Попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтер во Македонија. Епицентарот на земјотресот е на 16 километри југоисточно од Делчево, на длабочина од 2 километри.
Инаку изутрина земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше во 6:36 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.
Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево.