05 Мај, 2024
0.0242

Познато за што ќе се трошат 50-те милиони евра што ќе ни ги даде ТАВ Македонија

Објавено во: Економија 18 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Објавени се проектите со точните суми на пари чија изградба ќе треба да биде финансирана од 50-те милиони евра на ТАВ Македонија во договорот за пренамена на средствата што требаше да се потрошат за карго аеродромот во Штип, инаку обврска која операторот ја превзеде со добивањето на концесијата над аеродормите.

Станува збор за сума од точно 49.743.119 евра од Договорот за концесија склучен во 2008 година. За промената на намената на дел од средствата е добиена согласност на 30 ноември годинава од ТАВ Македонија како инвеститор и ТАВ Хавалиманлари Холдинг како референтен оператор.

Најмногу пари од 98-те проекти, архивирани на 11 декември, ќе добие  АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. За 904.050.000 денари ќе треба да го подобри терминалот на Аеродром Скопје и да го модернизира и прошири терминалот на Аеродром Охрид. Град Скопје ќе добие 204 милиони денари за проектот кај Mомин Поток Петља и 178,5 милиони денари за изградба на мостот Карпош. 

За регулација на Светиилијскиот порој, Општина Струмица ќе добие сума од  86.7 милиони. За Штип има 78.287.911 денари за резервоар на ридот Мерите на реката Брегалница. Шуто Оризари за атмосферска канализација ќе има 72.673.464 од овие пари.Општина Струга ќе добие 66.961.675 денари за патишта, а Чаир  62.580.373 денари за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на улица Џон Кенеди и во населба Серава.  На Битола и се одобрени 50,15 милиони денари за водовод и канализација во населбата АРМ. 

Општина Охрид ќе го проширува Кејот за 38.25милиони денари, а Карпош че уредува пешачка зона во Порта Влае за 25.5 милиони. Сарај ќе добие пари за два проекта, од кои едниот ќе чини 46 милиони денари  за патот Букович - Раовиц. Нешто помалку ќе добие Кочани за потисен цевковод од пумпна станица. Има и 35,7 милиони денари за доизградбата на градинката Свети Климент Охридски во Бутел, 40,54 милиони денари за  реконструкција на главен довод на Пашовски ливади до собирна шахта за град Прилеп, вакумска фекална канализација со пречистителна станица во Јурумлери во Гази Баба од 40 милиони денари, 40,6 милиони денари ќе бидат искористени за фекален канализационен систем во село Сушица во Општина Ново Село. Општина Тетово ќе го гради патот Благоја Тоска за 42.64, а Куманово ќе треба да гради фекален колектор за Сопот, Табановце и Четирце за 47,75 милиони денари.

Има и голем број други проекти кои вредат околу или помалку од 300.000 евра, а станува збор главно со водоснабдување, изградба на локални патишта, улици, канали, фекални канализации, реконструкции и изградба на училишта, домови, речни корита, капела, центар за бездомни кучиња, спортска сала, колектори, цевководи, реконструкција на болница итн.

ТАВ Македонија ќе биде изведувач на овие проекти. Евентуалната позитивна разлика помеѓу проектираната и изведбената цена ќе биде уплатена на посебна сметка во Генералниот секретаријат на Владата за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

„Реализацијата се определува на начин што концесионерот ТАВ Македонија Илинден во својство на изведувач ќе ангажира компании коишто ќе бидат извршители на проектите“, се вели во одлуката.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите