01 Мај, 2024
0.0256

ПРАТЕНИЦИ И ЕКСПЕРТИ - ќе има ли жешко собраниско чешлање на Еуростандард

Објавено во: Финансии 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе го чешлаат ли пратениците во Собранието работењето на Еуростандард банка во стечај на бизнисменот Трифун Костовски и на неговиот син Коста.

Тоа го бара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таа ќе инсистира во парламентот да се расправа за тоа колку биле почитувани законите, но и кои се точно причините што ја доведоа до стечај оваа банкарскла институција. 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела иницијатива за одржување надзорна расправа за овој случај. Иницијативата е насловена како „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“ од опозициската партија бараат да биде ставена на гласање на првата наредна седница на Комисијата за финансирање и буџет. 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за пропаѓањето на банката треба да се произнесат и стручњаци.

На својот фејсбук-профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски напиша дека пропаѓањето на Еуростандард банка е македонскиот втор ТАТ.

„Кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката? Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации“, напиша Милошоски.

А како што веќе пишуваше Фактор, бизнисменот Трифун Костовски вчера рече дека пари од банката се одлевале во струмичкиот регион, на што, како што тврди сопственикот, помогнал поранешниот директор на банката, кој, пак, бил припадник на СДСМ.

Од СДСМ за Фактор тврдат дека немаат ништо со неуспешното работење на банката, и ги охрабруваат надлежните институции да го истражат случајот.

А Николче Патковски, пак, рече дека не сака да ги коментира наводитена неговиот поранешен газда, и исто така, вели дека разврска ќе има преку надлежните институции.  

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?