26 Ноември, 2024
0.0301

КОИ СЕ СТРУМИЧКИТЕ ФИРМИ ЗА КОИ ПРОГОВОРИ КОСТОВСКИ - од СДСМ велат: немаме ништо со лошото работење на Еуростандард

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Кои се струмичките компании каде наводно биле одлевани пари од Еуростандард банката на бизнисменот Трифун Костовски, на која Народна банка и ја одзеде дозволата за работа и врз неа беше отворена стечајна постапка.

Од владејачката СДСМ за Фактор тврдат дека немаат никаква поврзаност ниту со Трифун Костовски, ниту со причините за пропаѓањето на неговата банка. Сметаат дека партијата не треба да се вмешува, а го упатуваат Костовски или било кој друг, сите евентуални наводи за сомнително работење да се достават до надлежните институции.

Ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ досега на неколку последователни пресконференции откако пропадна банката ги споменуваше струмичките компании, поврзувајќи ги нив со Еуростандард, вчера тоа го стори и самиот сопственик, Костовски. Рече дека многу средства од банката отишле токму во струмичкиот регион, а тоа се случило благодарение на поранешниот прв човек на неговата банка, Николче Петковски, кој „бил припадник на СДСМ и одработувал за СДСМ“.

Навистина шокантно тврдење на Костовски, кој откако банката доживеа колапс, постојано за тоа ја обвинуваше Народна банка, став на кој стои и сега, нагласувајќи дека монетарната власт можела да дозволи да се спаси банката, како и да преземе други мерки пред да и ја одземе дозволата, а не сакала да му даде шанса ниту на потенцијалниот инвеститор кој бил подготвен да ја купи.  

Сепак, Костовски во своите досегашни настапи не сакаше гласно да зборува за можна улога и на владејачки структури во пропаста на банката. 

Иако, во изјава за Фактор пред неколку дена, кога НБМ поднесе кривична пријава против поранешни сопственици на банката, тој рече дека власта кумувала на тој процес. Вчера, пак, отиде и чекор подалеку, прозивајќи го директно СДСМ и споменувајќи струмички фирми.

Фактор праша во владејачката СДСМ како ги коментираат наводите на Костовски. Поточно, до партијата на власт ги упативме следниве прашања:

Дали е точно дека Николче Петковски е член на СДСМ?Дали е точно дека како прв човек на банката одработувал за СДСМ, односно дека преку него се одлевале пари во фирми од струмичкиот регион? Дали имаат сознанија за кои струмички компании се работи и ако нема такви, зошто упорно ги споменува Трифун Костовски? Дали имаат сознанија кои се фирмите поради кои е заглавена банката, односно не ги враќале своите кредити? Дали компанијата „Галафарм“ која ја споменува Костовски е на било каков начин поврзана со СДСМ? Како СДСМ како владејачка партија ќе им помогне на штедачите кои заглавија во Еуростандард банка со големи суми пари, со оглед што од Владата веќе се изјаснија дека посебен закон за нивно обештетување не може да се носи?

Еве какви одговори добивме од СДСМ.

„СДСМ категорично отфрла каква било поврзаност со Трифун Костовски и причините за неуспешното работење на Еуростандард банка. Оттука обидите партијата да се вмешува во овој случај ги сметаме за крајно манипулативни и тенденциозни. Потсетуваме дека има надлежни институции и охрабруваме било кој да ги пријави сите наводи и јавноста да ги добие сите одговори врз јасна транспарента постапка“, е кусиот став кој го добивме од СДСМ, иако Фактор замоли за подетални одговори на нашите прашања.

Фактор побара став и од поранешниот претседател на Управниот одбор на банката, Николче Петковски, кого Костовски упорно го посочува како главен виновник, и кој уште на стартот на овој случај пред јавноста излезе со тврдење дека немало ништо незаконско во неговото работење.

Петковски вчера рече дека едноставно не сака ниту да коментира, ниту да демантира. За него обвинувањата од Костовски се небулози, со кои „некој сака да биде во центарот на вниманието“.

„Нека проверат новинарите дали јас имам членска книшка на СДСМ. Јас не сум член на СДСМ. Не е точно дека се фрлани пари од банката во струмички фирми. Сепак, јас не сакам да ги коментирам овие наводи, не сакам да влезам во таква дебата. Си има надлежни органи, си има стечаен управник на банката. Јас кажав што имав да кажам во моето првично соопштение и останувам на тоа“, вели кусо Петковски за Фактор, на нашето инсистирање дека е прозван во овој случај и треба да се произнесе.

А еве што точно вчера кажа бизнисменот Костовски.

Денеска сфаќам дека најмалку работел за нас (Петковски - н.з.). Одработувал за себе и за некои други. Политички партии се во прашање“, рече Костовски. Прашан за кои политички партии, дали за сите, тој нагласи дека Петковски бил член на СДСМ и дека пари се одлевале во струмичкиот регион.

„Па не за сите, бидејќи тој е припадник на Социјалдемократскиот сојуз. Бидејќи, големи средства од банката се во тој регион, во струмичкиот, во Галафарм, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно у упорно таму се пикале пари“, рече Костовски.

Инаку, без разлика на кој регион припаѓале фирмите, јавноста ќе ги очекува одговорите кои се тие компании кои сега не можат да вратат заеми од дури 55 милиони евра, зошто тие кредити не биле обезбедени со хипотеки или други начини, бидејќи на крајот од денот, најголема штета од ова несовесно работење, имаат штедачите на Еуростандард банка. 

Надзорна комисија во Собеанието ќе расправа за случајот Еуростандард банка, а според очекувањата на претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет, Тимчо Муцунски, тоа ќе се случи најверојатно на стартот на идниот месец. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач