ПРАТЕНИЦИТЕ ВРЕДАТ КАКО СУВО ЗЛАТО - кој од кој партија е „за“ или „против“ менување на Уставот
Објавено во: Македонија 25 Март, 2023
Опозицијата тврди дека во СДСМ постои раздор околу менувањето на Уставот бидејки девет пратеници веке се изјасниле дека нема да потклекнат пред бугарскиот ултиматум. Според ВМРО ДПМНЕ, Ковачевски на итен координативен состанок побарал од пратениците на СДСМ да излезат со заеднички став и документ кој ќе биде потпишан од секој од нив поединечно дека безусловно ќе гласаат за уставните измени и влез на Бугарите во Уставот, без оглед на формулацијата.
Социјалдемократите излегоа со спротивен став - дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се проевропски настроени се под силен притисок на Мицковски за да не ги гласаат уставните промени.
И Демократската Унија ја повика опозицијата да се приклучи кон европскиот фронт и храбро да ги однесе одлуките за да продолжи интеграцијата во ЕУ.
Груби рече дека не смета, туку знае от има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се за промена на Уставот.