02 Мај, 2024
0.0263

Прават струја од ветар, вода, сонце или биогас и добро заработуваат! Кои се тие?

Објавено во: Економија 29 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Државата го стимулира производството на електрична енергија од обновливи извори односно ветар, вода, био гас и биомаса енергенси кои не ја загадуваат животната средина. Тоа го прави преку фиксни цени и загарантиран откуп во времетраење од 15 или повеќе години. Цените за произведен и продаден мегават час се движат од 45 до 180 евра за мегаватчас во зависност од изворот и инсталираниот производен капацитет. Лани најголем „зелен“ производител – корисник на повластена тарифа бил ветерниот парк на ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) тоа е ВЕЦ „Богданци“ кој произвел 101.000 мегават часови за 2019 година

Обновливите извори за производство на електрична енергија се важен сегмент на сите стратегии и ва владините програми и оперативни планови за енергетската иднина на секоја земја во Европа и ширум светот. Техонологијата за производство на енергија од обновливи извори се унапредува истанува полесно достапна и поефикасна. И нашата земја има оперативни планови и ги поддржува вложувањата во производители на струја од: ветар, вода, биогас и биомаса со тоа што обезбедува повластени цени за овие производители. Тие пак ни враќаат со тоа што не ја загадуваат животната средина при производството на струја. Во нашиот електроенергетски систем според достапни официјални податоци од Операторот на националниот пазар за струја МЕМО има 197 повластени производители на електрична енергија од сонце, вода, биогас, биомаса  и ветар.

Лани најголем повластен производител на електрична енергија бил ветерниот парк „ВЕЦ Богданци“ сопственост на најголемиот домашен државно поседуван производител ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ н.з.). Според официјаните достапни податоци овој производител на струја со инсталиран капацитет од 36 мегавати лани произвел 101.000 мегават-часови. Неговата повластена цена е , јавно објавена на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика, и изнесува 89 евра за произведен и предаден на мрежа мегават-час. Овој производен капацитет лани на ЕСМ му донел приход од 9,06 милиони евра.

Најголем производител на електрична енергија од биогас е компанијата „Пелагонија Енерџи“ лоцирана во битолското село Логоварди. Ова друштво е сопственост на ЗК „Пелагонија“, а како погонско гориво го користи изметото од кравите на ЗК „Пелагонија“ кој со посебна технологија произведува метан кој се користи како гориво за топлење на водата која се претвора во пареа и од неа под притисок се задвижуваат турбините на производство на струја. Ова друштво лани од обновливи извори кои не ја загадуваат животната средина произвело над 55.000 мегаватчасови струја за која добиле 9,6 милиони евра. Ова друштво 2019 година ја завршило со добивка од 2 милиони евра. Вториот производител на струја од биогас е тетовската компанија „Електро Шарри“ друштво сопственост на големиот производител на јајца „Везе Шари“. Оваа компанија лани од производство на струја остварило приход од 1,6 милиони евра и реализирало добивка од 180.000 евра. Двете друштва кои користат биогас за производство на струја добиваат 180 евра за секој произведен мегаватчас електрична енергија.

Најголем производител на хидро енергија (ЕСМ не е во оваа конкуренција) е ЕВН Македонија Електрани , друштво во сопственост на ЕВН Македонија А.Д. Оваа компанија произведува електрична енергија од неколку мали хидроелектрични централи кои како обновлив извор за производство ја користат водата. Лани ова друштво остварило приход од 8,7 милиони евра и има добивка од 1,95 милиони евра.

Уште една компанија меѓу помалите хидроцентрали со повластена тарифа лани била значаен производител на струја од вода. Тоа е друштвото „Монтинг Енергетика Тиквеш“ и лани нејзиниот приход изнесува 672.000 евра што е за 18 отсто подобар резултат од претходната година. Добивката на ова друштво изнесува 396.000 евра и е за 37 отсто подобар резултат од 2018 година. Друштвото има две мали хидроцентрали: „Тиквеш1“ и „Тиквеш 2“.

Во конкуренцијата „сонце“ лани најголеми производители биле соларните централи на компаниите „Мега солар“ и „АБ Солар ДОО“. „Мега солар“ лани инкасирала 600.000 евра од производство на електрична енергија од сонце и добивка од 291.000 евра. „АБ Солар“ лани произвел и предал на мрежа електрична енергија во вредност од 399.000 евра и остварила добивка од 291.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда