„ПРЕД ДЕСЕТИНА ДЕНА КОВАЧЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО САШКО, КАДЕ Е СЕГА ДА РЕАГИРА“: Граѓаните го повикуваат директно премиерот
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2023
Социјалните мрежи
се вжештија по објавата дека првиот човек на Државна кардиохирургија, проф.
Сашко Јовев е разрешен од страна на министерот за здрвство, Фатмир Меџити.
Јавноста не се смирува, посебно поради тоа што проф. Јовев од страна на
министерот е окарактеризиран како лекар кој ништо не сработел.
Граѓаните револтирано пишуваат обраќајќи се и до премиерот Димитар Ковачевски:
-Пред десетина дена Ковачевски се гордееше со Сашко, каде е сега да реагира.
- Црно ни се пишува се додека овие наши абдали молчат.
-Уште колку ќе толерираме вакви неранимајковци
-Ова е најголемиот страм за македонското труло Здравство
-Жално! Најдобриот доктор, со бесценето знање, огромно искуство, култура,... коректен, процедурален, со интегритет. Штета за нас, пациентите.
Ова се само дел од стотиците коментари кои ги зовреа социјалните мрежи.