10 Мај, 2024
0.0251

Предизборно исплатени и субвенциите за овци

Објавено во: Агробизнис 18 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии денеска објави дека се исплатени 129,6 милиони денари субвенции за одгледување овци. Корисници на субвенциите се вкупно 1.054 земјоделци. „Владата на Република Македонија со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство“, соопштува Министерството. Претходно, исплатени беа субвенциите и за лозарите и за тутунарите, и тоа пред законски предвидениот рок за тоа. Според предизборниот финансиски извештај што Министерството за финансии го достави до Државната изборна комисија, од почетокот на фискалната година, па до две недели пред стартот на изборната кампања, покрај платите и пензиите, земјоделските субвенции биле најголемите трошоци од Буџетот. Повеќе за тоа како и на што се трошат парите пред избори, повеќе на следниот линк: Во предизборието трошиме повеќе отколку што собираме во Буџетот