06 Мај, 2024
0.0239

Предизвикот да работиш во семејна фирма: Успешната приказна на Елена Лазова

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во серијалот компании кои вложуваат во своите вработени, разговараме со Елена Лазова, која во моментов раководи со маркетинг секторот во семејната компанија, фабриката „Кристал”. Тема на разговорот е токму вложуваањето на оваа компанија во развој на вработените во центарот за неформално образование Creative Hub ,а воедно и таа самата ја посетува Академијата за дигитален маркетинг.

Лазова Вие сте млада и перспективна девојка која во моментов раководи со маркетинг секторот во една од најистакнатите компании во нашата земја, со голема традиција и македонско производство, фабриката „Кристал“. Колку е предизвикувачко да се работи во фамилијарен бизнис, знаејќи дека во иднина Вие ќе треба да раководите со него и под менторство на Вашиот татко?

Лазова: Голем предизвик е да се работи во сопствена фирма, каде има пофалби а истовремено и критики од татко ми, бидејќи има големи очекувања од сопственото дете, се е тест дали ќе ги оправдам неговите очекувања. Не е ни малку лесно да се носиш со сите предизвици кои ти ги носи работењето секој ден, особено кога во компанијата работиш со своите најблиски. Треба да внимаваш да не се нарушат принципите на раководење кои си ги усвоил веќе поставените, а од друга страна треба да се грижиш да не се нарушат фамилијарните односи.

Разговараме за вложувањето на компаниите во развој на своите вработени. Тоа не само што зборува за Вашата компанија како компанија која се залага за корпоративна одговорност према општеството туку и зборува за Вас како млада девојка чиј стил на менаџирање зборува за една нова генерација која верува во едукација и развој на вработените. Зошто сметате дека е значајно да се вложува во развој на вработените?

Лазова: Секоја компанија има обврска кон своите вработени, да ги поддржи во нивниот развој, да ги мотивира да ги извршуваат своите работни обврски, да бидат извонредни во тоа што го прават, континуирано да ги развијат нивните компетенции, а со тоа ќе ги поттикнеме за личен развој, ќе им овозможиме подобра иднина, а со тоа тие ќе влијаат на развојот на компанијата и заедницата.

Од Вашата компанија испративте голем број колеги на различен вид обуки во Creative Hub , од Академија за дигитален маркетинг, Андроид Академија, Академија за графички дизајн и други. Земајќи во предвид дека вашата основна дејност е производство на храна каде го ставаме маркетингот тука? Колку е значаен?

Лазова: Маркетингот во компании каде што се произведува храна е многу значаен бидејќи тука конкуренцијата е огромна, а за да се опстои на пазарот треба да биде препознатлив брендот или производот. Покрај долгата традиција и квалитет, кој им е добро познат на постарите генерации, мораме постојано да вложуваме во сите маркетинг инструменти, со цел да станеме поконкурентни и подостапни за младите генерации.

Вашата компанија е неспорно една од водечките во Велес, а со развојот на едукацијата на вработените расте и нивото на општеството. Какви се Вашите планови во иднина за развој на вработените? Што после завршувањето на Академиите, дали ќе имаат можност за унапредување?

Лазова: Во иднина ќе продолжиме да бидеме во чекор со најновите трендови за развој на вработени, бидејќи секогаш се  потребни се нови едуцирани кадри и стручен подмладок. Секако дека ќе има можност за унапредување, меѓутоа тоа најмногу зависи од нив, односно колку се тие подготвени да вложуваат во својот личен развој и напредок на професионално поле.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години