02 Мај, 2024
0.0252

Предлогот што го одбиле државниот врв и Пендаровски од ЕУ, го прифатиле Норвешка, Британија, Лихтенштајн и Исланд

Објавено во: Економија 08 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Предлогот кој претседателот Стево Пендаровски и македонскиот државен врв пред една година го одбиле од ЕУ за членство во Европската економска зона и натаму ја бранува јавноста и создава поделени мислења.

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, по реакцијата на опозицијата на неговата изјава дека била одбиена понудата од ЕУ како алтернатива за недоделената одлука за преговори, денеска објави дека и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лани бил против таа идеја на лидерската средба.

Европската екононска зона е формирана во 1994 година. Во неа членуваат сите држави од ЕУ, трите членки на ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка како и Велика Британија, но и Швајцарија со специјални договори). Зоната овозможува слободен европски пазар, размена на работна сила, слободен транспорт на стоки, услуги и капитал - водејќи се од европската легислатива која важи подеднакво за сите земји.

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска на социјалните мрежи напиша дека за оваа понуда требало да се расправа во Собранието, а не да се носат одлуки зад затворени врати.

Претседателот Пендаровски вечерва ќе ја објаснува оваа одлука во дневникот на ТВ Сител. Шефот на државата веќе рече дека стратешки тоа е недопустливо, бидејќи ќе значи дека Македонија се откажува од полноправно членство.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?