12 Мај, 2024
0.0276

Преку „Отворени денови“ земјоделците ќе се информираат за можноста за финансиска поддршка

Објавено во: Агробизнис 22 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Со зачестени посети на општините низ земјава, кои стартуваат од утре, надлежните со земјоделците ќе дискутираат за програмите за финансиска поддршка и за можностите кои се нудат преку нив. Проектот се вика  „Отворени денови на агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за храна и ветеринарство и за поттикнување на развојот на земјоделството“, а ќе трае до крајот на февруари идната година. Според директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Тони Димовски, овој проектот е резултат на соработката со земјоделците во изминатиот период и со бизнис секторот. На овој начин, вели тој, ќе бидат споделени искуства и ќе се чујат сугестии во која насока да се продолжи. „Новитет е поголемото прусуство на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството на теренот. Во овој период ќе бидат отворени осум регионални центри на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во осумте плански региони“, рече Димовски. За Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, средбите се одлична можност за запознавање и идна соработка. „Успеавме во минатото да го подигнеме нивото на свеста и знаењето на потрошувачите, како и за нивното право за безбедна и квалитетна храна. Се покажа дека средбите и комуникацијата што ја имавме во минатиот период се доста значајни и корисни за граѓаните, земјоделците и за Агенцијата за храна и ветеринарство“, рече Рунтевски кој истакна дека добиле повеќе информации и податоци за тоа како да се подобри имплементацијата на законската регулатива и да се решат одредени проблеми.