27 Април, 2024
0.0333

Премиерот Заев доби почесна награда во Мостар

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Зоран Заев има прилично успешна прва официјална посета на БиХ на највисоко владино ниво при што беа договорени повеќе соработки, а денес официајлниот дел го привршува со потпишувањето на Повелбата за мир во Мостар.

Заев исто така ја доби наградата Мostar Peace Connection како благодарност за придонесот за воспоставување регионална соработка која му беше врачена од Претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ.

Заев изрази благодарност за наградата и истакна дека му е голема чест што ја потпиша Мостарската повелба за мир. Стариот мост во Мостар, додаде Заев, претставува симбол на мирот, на меѓурелигиската и меѓуетничката соработка, како и на соработката во регионот.

- Минатото беше сурово за сите нас, но знам дека од неа сите извлековме поуки. Драго ми е што има лидери во нашиот регион кои гледаат кон иднината, знаат да подадат рака и да соработуваат бидејќи само заедничката соработка може да биде гаранција за подобра иднина на нашите народи - рече Заев.

Звиздиќ, пак, истакна дека Мостар со векови претставува место на средба на луже од различни религии и погледи на светот.

- Ова е место кое и покрај премрежињата низ кои помина, успеа да го зачува мултиетничкито карактер и да биде клучен симбол за цела БиХ за иден мир, соживот и добра соработка межу луѓето, како и остварување на најзначната цел - да станеме дел од големото европско семејство - изјави Звиздиќ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“