03 Мај, 2024
0.0276

Премиерот Заев со владин тим на значајна посета во БиХ

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев продолжува со одржување на блиски контакти и развој на односите со БИХ за која цел во Сараево ќе отпатува македонска владина делегација. Свечениот пречек ќе се одржи на платото пред зградата на заеднички институции на БиХ по што следува средбата на македонската делегација со членовите на делегацијата на Советот на министри на БиХ.

По средбата, според информациите од Службата за информирање на Советот на министри на БиХ, планирани се изјави на премиерот Заев и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Во состав на македонската делегација се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Во рамки на посетата предвидено е да биде потпишан меморандум за разбирање меѓу македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ, како и потпишување на Програмата за културна соработка меѓу македонското Министерство за култура и Министерството за цивилни работи на БиХ.

Според агендата предвидено е попладне кај Ротимље македонскиот премиер заедно со претседавачот на Советот на министри на БиХ да положат цвеќе на спомен обележјето на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски и членовите на неговата делегација.

Во вечерните часови премиерот Заев заедно со Звиздиќ ќе присуствуваат во Мостар на манифестацијата „Мостар не ги заборава пријателите“.


Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ