26 Април, 2024
0.0300

ПРЕМИУМ ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР–нова инвестиција во висина од над 10 милиони евра за успешен бизнис во Македонија

Објавено во: Мои пари 14 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата Мак Аутостар дооел, Генерален застапник за Мерцедес-Бенз и Мицубиши во Македонија, денеска официјално го означи поставувањето на темелите за изградба на новиот деловен објект во општина Гази Баба.На свечениот чин присуствуваа претставници на инвеститорот, градоначалникот на општина Гази Баба, г-н Тони Трајковски, како и заменик германскиот амбасадор во Р. Македонија, г-н Марко Акватичи.

Објектот се наоѓа непосредно пред салонот на Мерцедес и дел ќе биде наменет за сопствени потреби на Мак Аутостар, а поголем дел за изнајмување на деловен простор на фирми кои имаат потреба од современ начин на водење на бизнисот во Македонија.

„Оваа инвестиција е со планирана вредност од над 10 милиони евра и навистина сме среќни што ќе бидеме во можност да им обезбедиме на фирмите-идни корисници на деловен простор во Премиум центарот модерно опкружување со високи стандарди, соодветен паркинг простор опремен и со полначи за електрични возила и дополнителни содржини како современ фитнес центар и кафетерија-ресторан со уникатен панорамски поглед“, изјави генералниот директор на фирмата инвеститор, Мак Аутостар, Зоран Марковски.

Објектот со својот изглед претставува уникатно, современо архитектонско решение, и ќе се гради според најновите градежни стандарди. Деловниот објект кој ќе го носи името ПРЕМИУМ ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР ќе се простира на 7 спрата, со вкупна корисна површина од 12.000 м2 и подземен на 3 нивоа паркинг простор од 5.000 м2.

Во план е објектот да биде завршен до крајот на 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ