08 Мај, 2024
0.4814

Придонеси за здравјето од сауната

Објавено во: Стил 17 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Многу се говори за здравствените предности од сауната и тоа со добра причина, затоа што неколку минути дневно е сé што Ви е потребно да изгледате и да се чувствувате подобро.

SPA1 (2)

Еве неколку клучни здравствени и велнес предности:

 - Сауната ослободува од стрес – топол и тивок простор без надворешни влијанија ќе Ви овозможи да се опуштите. Зачекорете во сауната и затворете ја својата врата за остатокот од светот.

- По физичка активност, сауната ги опушта мускулите, ја намалува напнатоста и ја елиминира млечната киселина и другите токсини што можат да бидат присутни.

 - Повеќето луѓе се потат секојдневно, но длабинското потење кое се постигнува во сауна има повеќекратни здравствени бенефиции.

11312588_838698542844206_7885696369769583756_o

Во сауна температурата на телото расте, крвните садови се шират, потните жлезди произведуваат пот во која има 99% вода и токсини кои на тој начин се исфрлаат од организмот, кожата се чисти и изгледа помеко. Со самото тоа, сауната е најдобар начин за детоксификација.

 - Истражувањата покажаа дека употребата на сауна резултира со поопуштен и подлабок сон.  - Сауната ја намалува склоноста кон настинка и грип. Кога телото е изложено на висока температура произведува бели крвни зрнца кои помагаат во борба против болести и вируси.

 - За социјалните придобивки од сауната ретко се зборува, но таа може да биде лично подрачје на опуштање и осаменост, но од друга страна и релаксирачки амбиент за дружење со семејството и пријателите.

Не станува збор само за тоа што е навистина благотворна – сауната е навистина добра за Вашето тело и организмот. Било да се случуваат физиолошки промени или е само време поминато во релаксирање,  чувството е прекрасно.  Во сауна можете да ја вратите енергијата на телото и душата, да се чувствувате и да изгледате подобро, но и да спиете подобро.

11148417_837539449626782_1814080385678282088_o

Ве очекуваме во Спа центарот ANNE SEMONIN во хотел „Руссиа“.   Хотел „Руссиа“ кој е во склоп на Спортскиот центар „Јане Сандански“, ги нуди следните содржини: Спа центар, ресторан, скај бар, конференциска сала, тениски терени, фитнес, аеробик и игротека.