28 Април, 2024
0.0289

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ПОБРЗО: Овие земји бараат сезонски работници!

Објавено во: Стил 30 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Финска, Канада, Нов Зеланд, Австрија, Грција …. се само дел од земјите кои имаат недостиг на работна сила и бараат сезонски работници.

Доколку сакате да ја подобрите вашата финансиска состојба и планиравте да заминете во странство по подобри услови каде трудот ќе ви биде платен, погледнете ги огласите кои ви ги нудиме подолу па одлучете се во која земја ќе се упатите.

ФИНСКА

Во оваа европска земја познати се берачите на јагоди.

И годинава имаат потреба од работници а пријавувањата почнаа.

Сезоната на берба трае од половината на јули до крајот на август, затоа ние ви предлагаме доколку сте заинтересирани да аплицирате додека е порано.

Еве неколку адреси каде да аплицирате:

Farma Astikkalan Marjatila Adresa  Astikkalantie 8  59800 Kesälahti Telefon +358 50 5179771 http://www.astikkalanmarjatila.fi/ Email rekry@astikkalanmarjatila.fi

Farma Anttilan marjatila http://www.anttilan.tk/ Telefon 041-5437790 ili +358 9 2566272 Email anttilanmarjatila@gmail.com Marjaraitti 36  02510 Kirkkonummi

Farma Ainankallion mansikkatila

https://www.facebook.com/ainankallio

Telefon  0405765194 Kontakt forma na linku http://www.ainankallio.fi/index_tiedostot/Page347.htm Adresa Puharinpellontie 45  16900 Lammi Vlasnici Aki i Virpi Pelkonen

Повеќе за работата во Фрнска прочитајте на линкот долу:

АПЛИЦИРАЈТЕ: Сезонска работа во Финска 2016 – Берење јагоди!

НОВ ЗЕЛАНД

И додека сите трчаат во Америка, Канада и Австралија, Нов Зеланд чезнее за странски работници, бидејќи оваа земја е во силен економски раст.

Берба на јаболка

Во Нов Зеланд наскоро почнува бербата на грозје, јаболки и киви а произведувачите и оваа година се соочуваат со проблемот од недостиг на сезонски работници.

Овоштарите се жалат дека бројот на сезонски работници никогаш не бил помал во последните пет години, а проблемот во наредните години би можел да се зголеми. Затоа ако оваа работа ви изгледа примамлива читајте детали долу во линкот.

Берба на јаболки во Нов Зеланд: Им недостигаат сезонски работници, дневница 150 евра!

Градежништвото е професија за која е потребен најголем број на работници, а следат здравствените работници и информатичарите и инжиниерите.

Ако сте одлучни трајно да живеете во Нов Зеланд ова се некои од основните начини за остварување на таа цел.

Пред се постои категоријата „квалификуван мигрант“, а се однесува на луѓето кои поседуваат квалификации и знаења од области во кои на Нов Зеланд му недостига работна сила.

За да го стекне овој статус, апликантот треба да има помалку од 55 години, да има добро здравје и карактер и да зборува англиски јазик.

Прв чекор е пополнување на изјава на заинтересираност, која се праќа до Имиграционата служба при Министерството за економија, иновации и вработување во Нов Зеланд. Тука се наведуваат деталните податоци за апликантот, неговите вештини, семејство. На сајтот на оваа служба постојат упатства за оваа изјава.

Врз основа на изјавата кандидатот ќе биде бодиран, и ако освои доволен број на бодови се повикува да аплицира за работа во оваа земја.

Друг начин да работите во оваа земја е преку „Од Работа до престој“. Оваа опција дозволува преку привремена работна виза да добиете на крај и траен престој.

Подносителите на барања може да бидат квалификувани за занимања кои се бараат на Нов Зеланд или може да имаат специјални таленти во спортот или уметноста.

Но, и за овој статус постојат многу квалификации кои мора да ги исполните.

Ако сакате полесно да најдете работа таму прочитајте ги деталите на линкот долу.

Работа и живот во Нов Зеланд? Зошто да не! – Како најлесно да најдете работа таму!

ГЕРМАНИЈА

Оваа земја е најчесто на мета кај младите . Сепак и таму никогаш доста од работници.

На огласот за бравари од пред некој ден се нуди плата до 2500 евра за месец дена.

Неделно се работи 35 часа, а е платен и патот до Германија па дури и здравствено и пензиско осигурување.

Германците плачат за бравари, што го докажуваат и хрватските портали за вработување кои ги објавиле понудите кои е тешко да се одбијат.

Подетално за сезонска работа во оваа земја читајте на линкот долу.

ГЕРМАНЦИТЕ ПЛАЧАТ ЗА ОВИЕ РАБОТНИЦИ: Дојдете, платен пат и плата од 2500 евра!

АВСТРИЈА

Македонците често заминуваат во оваа земја.

За 2016 година, австриското министерство за труд ја објави листата на дефицитарни кадри кои ги пофаќаат следните професии.

Се бараат

– Високо квалификувани техничари (инженери со високо образование или V степен) во областа на машинството – Кровопокривачи – Дипломирани машински инженери – Високо квалификувани техничари (инженери со високо образование или V степен) во областа на електротехниката – Дипломирани инженери по електротехника – Дипломирани медицински техничари/сестри и медицински сестри/техничари со виша школа.

За сите професии за 2016 година барањата за црвено-бело-црвени карти треба да бидат доставени до 5 ноември 2016 година.

РАБОТА ВО АВСТРИЈА: Еве ја листата на најбарани професии во 2016-та

Повеќе информации можете да најдете и да аплицирате ТУКА.

КАНАДА

Оваа ветена земја отсекогаш била привлечна и позната по берењето на овошки. Годинава тамошните произведувачи стравуваат од голем недостиг на сезонски работници.

Веројатно повеќето од вас ги интересеира кои професии се најбарани и колкави се платите. Најдобро се платени работниците кои се вработени во нафтената индустрија, медицинарите, како и луѓето кои работат работи поврзани за телекомуникациите. Од друга страна, најслабо платени се оние кои работат во продавници во малопродажба.

Дознаjте нешто повеќе за иселеничка виза за во Канада

Просечната плата во Канада се движи помеѓу 3000 и 3700 евра на месечно ниво. Најниска плата имаат куќните помошнички и честачки и тоа околу 1600 евра.

Луѓето кои работат во областа на сообраќајот месечно заработуваат околу 2200 евра, а за околу 100 евра повеќе од нив имаат оние кои се занимаваат со услужни дејности. Графичките дизајнери заработуваат околу 2600 евра месечно, а правниците околу 2750 евра.

За канадска виза аплицирајте ТУКА.

ГРЦИЈА

Нашиот јужен сосед честопати бара сезонски работници од Македонија.

Во текот на летната сезона голем број на наши сограѓани се ангажираат на сезонски работи во соседна Грција, и засега ретки се случаите кога некој се пожалил на невремена исплата на заработката или слични проблеми.

Сезонска работа во Грција-Еве неколку огласи!

Во продолжение ви пренесуваме неколку огласи за работа кои ги најдовме на Фејсбук страната на работодавачот ТУКА.

-Потребна жена работно место чистачка во Пекара на возраст од 45-50 години, во близина на Атина. Плата 500 евра, обезбедено сместување и храна. Повеќе нформации ќе најдете  тука.-Потребна е жена за чување на две деца Локација-близина на Атина Плата-600 евра Јазик-познавање на грчки Храна и сместување-обезбедени -Повеќе нформации ќе најдете  тука.-Потребна жена за чување на дедо Јазик-не е потребно Локација-Евоиа Плата-500 евра Храна-обезбедена Сместување-обезбедено Инфо во инбох на оваа страна 

Обработка: И.С.

(Не е дозволено превземање на овој текст или било кој друг без претходна согласност од ФАКТОР.МК)

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти