12 Мај, 2024
0.0256

Прилепскиот комбинат се задолжи за да продолжи со откупот на тутун

Објавено во: Агробизнис 24 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Земјоделскиот инспекторат го укина решението за забрана за откуп на тутун во прилепскиот Тутунски комбинат и му дозволи на овој откупувач од понеделник да го продолжи откупот.

„Го укинуваме решението за забрана за откуп од 13 јануари зошто комбинатот покажа средства со кои може да откупува и да исплаќа тутун. Од понеделник продолжува откупот во тутунскиот комбинат“, изјави Румен Стаменов, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Од комбинатот потврдуваат дека в понеделник го продолжуваат откупот. Прилепскиот тутунски комбинат остана без средства среде откуп затоа што ја зголеми динамиката по просечна цена од 172 денари за килограм. Неделава подигна банкарски кредит од околу 3 милиони евра за да се дооткупи договорениот тутун.

Според генералниот директор Александар Дерменџиев, досега се откупени над 1.370 тони, а вкупно се договорени околу 3.000 тони тутун.