Притвор од 30 дена за приведените, пратеничката Стефановска оди во куќен притвор
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
Лицата кои денеска беа приведени неофицијално добиле 30 дена притвор освен пратеничката Жаклина Стефановска која ќе оди во домашен притвор.
Вкупно 36 лица се товарат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Тие се уапсени утрово.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за политички прогон и организираа протест пред судот.