26 Април, 2024
0.0274

Признание „Пријател на Македонија“ за Стјепан Месиќ

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Убеден сум дека следните избори во Македонија конечно ќе овозможат историјата да им се препушти на историчарите за да може Македонија да се развива како сите други европски земји. Очекувам наскоро крај на кризата и верувам дека Македонија ќе ги исполни стандардите кои важат за ЕУ и дека ќе ги исполни поставените услови, рече Месиќ на предавањето по свеченото доделување на годишните признанија на Тангентата.

Граѓанската организација „Хрватско-македонска тангента“ вчера во Шибеник му додели високо признание на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ . Во образложението е нагласено дека претседателот Месиќ во текот на долгогодишната соработка со „Хрватско- македонска тангента“ поддржал и поттикнал голем број иницијативи и проекти на оваа невладина организација во доменот на хрватско- македонските културни, стопански, медиумски и политички доближувања. Месиќ е првиот носител на признанието „Пријател на Македонија“, кое е втемелено во август годинава и во иднина ќе се доделува секоја трета година.

Во рамките на настанот претседателот Месиќ одржа предавање и предизвика големо внимание меѓу присутните гости и членови на „Хрватско-македонска тангента“. Тој се осврна на повеќе актуелни теми и истакна дека верува во заедничката иднина на Хрватска и Македонија.

Во врска со македонските избори на 11 декември Месиќ го истакна нивното значење и своето мислење дека тие ќе бидат вистинска прекретница.

-Убеден сум дека следните избори во Македонија конечно ќе овозможат историјата да им се препушти на историчарите за да може Македонија да се развива како сите други европски земји. Македонија на тоа има право. Очекувам наскоро крај на кризата и верувам дека Македонија ќе ги исполни стандардите кои важат за ЕУ и дека ќе ги исполни поставените услови. Со влезот на Македонија  во ЕУ ќе добиеме уште еден забрзан чекор кон здружената Европа, рече Месиќ.

На свеченоста беа врачени и три традиционални годишни признанија на личности кои значајно придонесуваат во реализација на проектите на „Хрватско-македонска тангента“. Од областа на медиумите годинешни добитници се новинарките Марина Јурковиќ од Слободна Далмација и Ксенија Билан од Шибенски портал, а од областа на културата, Вилијам Лакиќ, директор на градската библиотека во Шибеник. 

Во повод на доделувањето на признанието „Пријател на Македонија“ на Стјепан Месиќ, честитки испратија почесните членови на „Хрватско-македонска тангента“, поранешниот хрватски претседател, д-р Иво Јосиповиќ, амбасадорите Данчо Марковски и Златко Крамариќ, генералот Лука Џанко и актерот Раде Шербеџија. 

 


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет