27 Април, 2024
0.0276

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

Објавено во: Економија 29 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Винаријата од Демир Капија, Попова Кула лани работела профитабилно, говори билансот на успех на ова акционерско друштво. Но, добивката е намалена во однос на истиот период лани, и тоа за 33 проценти.

Од компанијата во своето образложение за остварените финансиски резултати испратени до Берзата детално објаснија со какви проблеми се соочуваат, а кои се всушност и причините за намалената добивка.

Имено, Билансот на успех говори дека Попова кула има зголемени приходи, но и покрај тоа, има намален финансиски резултат.

Имено, добивката што лани ја остварила Попова Кула е околу 28 илјади евра, и тоа е намален финансиски резултат во однос на една година претходно, за 33 проценти.

Зголемената цена на струјата и на шишињата, предизвикани од војната во Украина, како и недостигот од работна сила, се дел од главните проблеми. Компанијата бара и нашата држава да им овозможи на домашните компании да излезат на домашниот пазар.

Приходите од основната дејност на компанијата, односно производството и прометот на вино, лани изнесувале над 950 илјади евра, што говори за раст од 16 проценти.

А, еве како работењето во претходната година го објаснуваат во своето образложение од компанијата од Демир Капија.

Оттаму велат дека споредено со минатата година Групата го задржува трендот на добро работење, како и дека 2023 година ја заврши со позитивен финансиски резултат.

„Иднината е сè уште неизвесна. Воената состојба во Украина има негативни влијанија врз нашето работење пред се изразено во неколкукратно зголемување на цената на шишињата и другите репроматеријали кои ги користиме но и во неможност да се набават истите како и преку зголемување на цената на енергенсите. Посебно не погодува високата цена на електричната енергија затоа што со цел да добиеме висок квалтет на крајниот прозивод контролата на ферментацијата ја правиме со употреба на значајна количина на електрична енергија. Друг доста сериозен проблeм со кој се соочуваме е недостатокот на квалификувана работна сила. Ние имаме голем проблем во вработување на лица и во секторот лозарство и во секторот туризам. Работиме во рурална мала општина во која одливот на луѓе е експоненцијално поголем за разлика од други општини каде само е голем. Сметаме дека како што нашите граѓани дефакто се веќе излезени на меѓународниот пазар на труд треба и нам, на домашните фирми, да ни се овозможи да излеземе слободно на меѓународниот пазар на труд. Доколку тоа не се овозможи недостатокот на кадар за работа сериозно ќе ја наруши можноста за функционирање на фирмата“, се вели во образложението од Попова Кула.  

Од компанијата, исто така, ја информираат инвеститорската јавност дека имаат долгорочен кредит во Шпаркасе Банка АД Скопје. Исто така, земен е кредит во иснос од  1.392.000 денари од Развојна Банка во рамки на програмата за помош од линијата КОВИД2, од којшто за отплата се преостанати 348.000 денари со рок на доспевање во 2024 година.

ВВ Попова Кула АД нема исплатено дивиденди. Групата нема вложувања или продажба на материјални средства или нивни значителен отпис во 2023 година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот