11 Мај, 2024
0.0299

Продажбата на евтини куќи го заживува проектот купи куќа, купи стан?!

Објавено во: Македонија 03 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Во услови кога владиниот проект купи куќа, купи стан доживеа фијаско во делот на продажба на нови станови, на повидок е нов тренд- продажба на веќе изградени куќи на периферијата на Скопје по поволни цени. Владата веќе ги зголеми субвенциите а градежната компанија Хот и Хот најави изградба на цела населба и продажба на веќе изградени куќи со цени и по 30 илјади евра. Планското ширење и развивање на градот со изградба на цели населби станува реалност, особено откако неколку општини успеаја да продадат многу од своите градежни парцели со намена за изградба на куќи. Наскоро планирано е да се гради во Илинден, Радишани, Горно Лисиче, Бутел, Хиподром 2, во Гази Баба... Градежниците кои заедно со Владата ја туркаат идејата за изградба на типски населби, велат дека презаситеноста на централното градско подрачје, скапите комуналии и високите цени на градежното земјиште на атрактивните локации ги принудија инвеститорите да се насочат кон градба на периферијата на Скопје. „Со изменетите услови за проектот купи куќа, купи стан, ќе се намали и притисокот во однос на банкарската гаранција бидејќи Владата презема 75 проценти од ратата во првите пет години од исплатата на кредитот“, вели Сеад Кочан, претседател на Градежна комора при Сојуз на стопански комори. Илинден ќе ја добие првата типска населба На околу 28 хектари во Илинден планирано е да се изгради нова населба со околу 500 градежни парцели. Локациите се наменети единствено за изградба на куќи, а според замислата, треба да никне типска населба со идентични куќи, градени оддеднаш. Според деталниот урбанистички план, населбата треба да има централен парк, услужни објекти,трговски центар, спортски терени.. Јавното наддавање за продажба на парцелите почна уште лани во октомври а до сега продадени се над 130 парцели. Илинден заедно со Гази Баба во локалитетот Хиподром се првите општини кои веќе имаат донесено урбанистички проекти за изградба на готови населби и кои веќе продаваат парцели. Токму во овие општини има најави за изградба на типски населби од компанијата Хот и Хот кои би се вклопиле во проектот купи куќа, купи стан. “Во самиот план на општините стои дека треба да бидат цели населби со инфраструктура со училишта, мини молови кои ќе се градат паралелно со изградбата на куќите..Има и основни параметри како би требало да изгледаат куќите. Треба да бидат на два спрата, со квадратура од околу 100 метри квадратни и дефинитивно ќе се вклопуваат во проектот купи куќа, купи стан“, вели Роберт Хот, сопственик на Хот и Хот.. Тој вели дека на следото јавно наддавање ќе се вклучат во купување на повеќе парцели со цел да изградат типска населба, по американски стил, но по прифатливи цени. „Површината на плацевите е до 450 метри квадратни, ние планираме куќите да ги изградиме до 100 метри квадратни која со инфратсруктурните трошоци би ја продавале по цена од близу 38 илјади евра. Сите тие ќе бидат врзани со владиниот проект што значи, ако се дадат 8 илјади евра учество и се земе кредит од 30 илјади евра, во првите пет години граѓаните ќе плаќаат рата од некаде 80 евра месечно, што сметаме дека е сума што секој може да ја плаќа“, додава Хот. И внатрешноста се насочува кон американски начин на живеење Изградба на типска населба е планирана и во Прилеп. Станува збор за населба која се планира да има околу 13.000 жители и во која предвидени се 364 парцели за индивидуални куќи и 24 за станбени згради, градинка, училиште, спортски комплекс, трговски комплекси.Продажбата почна на почетокот на годинава а очекувањата се дека до крај на годинава ќе се продадат една третина од парцелите. С.Н

Можеби ќе ве интересира

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите