09 Мај, 2024
0.0284

Продолжен рокот за попис на пчеларници

Објавено во: Агробизнис 18 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Рокот за извршување на попис на пчеларници е продолжен до 01.05.2013 година , а рокот за доставување на податотоците од пописот до ветеринарното друштво до 15-ти мај годинава. Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштуваат дека согласно Законот за ветеринарно здравство, одгледувачот на пчели е должен да склучи договор со ветеринарното друштво кое е распределено со работа во населеното место или со било кое ветеринарно друштво по негов избор. Ветеринарното друштво со кое одгледувачот на пчели склучил договор е должно да ги внесе податоците од извршениот попис во електронската база на податоци. Истото ветеринарно друштво ќе треба да изврши и преглед на пчелните заедници за евентуално присутво на болеста Американска чума на пчелното легло. Агенцијата ќе почне со потпишување на договорите со овластените ветеринарни друштва на 22-ри овој месец, по што одгледувачите на пчели ќе може да го изберат ветеринарното друштво со кое ќе склучат договор.