ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ТУРИСТИТЕ ВО ЗЕМЈАВА - и февруари имало повеќе странци отколку домашни гости
Објавено во: Економија 12 Април, 2024
Бројот на туристи во февруари е зголемен за 7,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, а бројот на ноќевања пораснал за 7,7 проценти, покажуваат статистичките податоци.
- Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари имало 44.224 туристи од кои 61 процент биле странски туристи, а 39 проценти домашни туристи. Регистрирани се 89.362 ноќевања од кои 55,3 проценти биле ноќевања од странски туристи, а 44.7 проценти од домашни туристи - се наведува во соопштението на ДЗС.
Притоа укажуваат дека во периодот јануари – февруари во однос на истиот период минатата година, бројот на туристи е зголемен за девет проценти, а бројот на ноќевања за 11,6 проценти.