04 Мај, 2024
0.0319

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕПУКУВАЊАТА МЕЃУ ДАРКО КОСТОВСКИ И ДАНЕЛА АРСОВСКА: Градоначалникот на Бутел со нови обвинувања

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Продолжуваат препукувањата помеѓу градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Имено, тие веќе неколку дена преку социјалните мрежи и објавување статуси, се обвинуваат за спорни маркици за згради кои требале да се градат во општина Бутел, во близина на булеварот „Боца Иванова“ кој допрва треба да се гради, а за кој се расправаа градоначалниците.

Костовски на својот профил, овој пат ја обвини Арсовска дека сака да присвои идеи кои припаѓале на Костовски.

„ Јас како градоначалник не слушам апели од Данела Арсовска и Град Скопје, туку работам неколку чекори пред нив!

Арсовска поради недостаток на идеи и иницијативи сака да си присвои нешто за кое воопшто не произлегло од неа.

Имено на мое излагање пред медиумите на 09.03.2023 година јасно и гласно потенцирав дека на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на спорните маркици за згради. И тоа се случи на 15.03.2023 со седницата на Советот на Општина Бутел.

На Арсовска и требаа неколку дена, односно на 11.03.2023 да излезе јавно со низа лаги и неосновани обвинувања да го повтори тоа што веќе јас го кажав. Па потоа да ги извести медиумите дека маркиците биле одстранети по нејзина иницијатива. Тешка лага, веројатно веќе и својствено за неа.

И да повторно ќе порачам. Општина Бутел ќе биде зелена општина со најмногу зелени површини и за тоа не треба да се грижи Арсовска затоа што граѓаните на општина Бутел имаат Градоначалник кој ќе го зачува мирниот и спокоен живот во општина Бутел !“, напиша Костовски на фејсбук.


Претходно пак, Данела, исто така на Фејсбук, објави дека тој за време на кампањата ги промовирал проектите од нејзината програма.

Должиме детално објаснување на јавноста за низата на манипулации и ноторни лаги кои деновиве беа актуелни, а нарачани и подготвени во партиските кујни на ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во општина Бутел е еден од клучните проекти на програмата „За Модерно Скопје“, програма за која гласаа 120.000 граѓани жители на градот Скопје. Огромен број од овие граѓани се жители токму на општина Бутел, кои самите го истакнаа овој проект како клучен за нив.

Оттука, морам со индигнација да ги отфрлам лагите кои последниве неколку дена ги изнесе градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Се работи за капитален проект за изградба на целосно ново булеварско решение, кое вклучува изградба на нова водоводна и атмосферска мрежа како и ново улично осветлување. На булеварот се проектирани и велосипедска патека, пешачка патека и соодветно партерно уредување по целата негова должина.

Согласно Генералниот урбанистички план на градот Скопје, овој булевар е предвиден за изградба уште во во 2002 година, а подоцна и потврден во 2012 година кога градоначалник бил г-дин Коце Трајановски, инаку градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ - значи овој булевар е предвиден и ветуван нешто повеќе од 20 години.

Булеварот се простира на државно земјиште, но сепак, во еден дел од трасата каде што треба да се изгради овој булевар постојат десетина семејства кои ги прошириле своите дворови на тоа државното земјиште врз кое е предвидена изградбата на овој булевар, а со тоа и го узурпирале земјиштето, што според член 225 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија е казниво дело.

Градот Скопје нема намера да врши кривичен прогон на граѓани, но сакам да апелирам до граѓаните во овој дел на општина Бутел да не потпаѓаат под политичките игри и манипулации на политиканти кои се обидуваат да ги инструментализираат во својата нечесна политика. На крајот, одговорноста за узурпацијата на земјиштето нема да биде на градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, туку на оние кои го узурпирале земјиштето.

Што се однесува на обвинувањата на Костовски, врзани за за изградба на овој булевар, бидејќи на таа локација требало да се градат некакви згради, јавноста треба да се запознае со фактите, а градоначалникот да не напаѓа други за нешто каде тој е единствено одговорен и надлежен.

Деталниот Урбанистички план на општина Бутел со кој се предвидува изградба на седум згради кои излегуваат на булеварот „Боца Иванова“ го направил тогашниот градоначалник Петре Латиновски, а го изгласале во 2015 токму советниците во советот на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овој ДУП за изградба на 7 згради кој го изгласале токму од ВМРО-ДПМНЕ е се уште на сила и во ниту еден момент во оваа измината година Дарко Костовски не реагирал да ги поништи овие 7 објекти ниту на вцртувањето на нови згради во Бутел.

Ова значи дека, ВМРО-ДПМНЕ не само што дозволиле да се впишат за изградба седум згради на овој булевар, туку тие и го донеле планот за изградба на овие згради.

Кога сме кај политиканството и ноторните лаги на Костовски и ВМРО-ДПМНЕ, апелирам да одговорат, дали е точно дека токму тие ги промовираа проектите од програмата „За Модерно Скопје“ и се фотографираа со граѓаните на кои им ветуваа дека програмата во целост ќе биде реализирана.

Кога лаже Костовски, сега кога им кажува на граѓаните дека ќе можат да продолжат да узурпираат државно земјиште или кога вели дека барал глас повеќе за програмата за модерно Скопје во која едно од важните ветувања е дека ќе се изгради овој булевар?

Јас на тоа ветување стојам, и планирам во целост да ја реализирам програмата која ја избраа граѓаните.

Како градоначалник на градот Скопје го држам за збор градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски кој пред неколку дена изјави дека ќе го поништи актуелниот ДУП со кој се предвидува изградба на седум згради. Доколку навистина се залага против урбаната мафија како што кажа, ќе го реализира тоа што го вети и просторот ќе го пренамени за изградба на нов, модерен парк со содржини за спорт и рекреација.

Дополнително, апелирам градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски да го ревидира деталниот урбанистички план со наслов ССИ-Блок 7 со кој се предвидува изградба на четири згради, од кои две се 8-катници со висина од 27 метри и тоа на простор кој сега е зелен појас.

Очекувам дека и овој ДУП, Костовски како совесен градоначалник кој се грижи за здравјето на своите сограѓани, промовира хумано живеење и неселективна борба против урбаната мафија ќе го поништи “ напиша Данела. 




Каков ќе биде епилогот од оваа преписка, останува да видиме во следните денови. 


Можеби ќе ве интересира

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“