Прогноза на „Акуведр“ за летово: Пеколни горештини, а Балканот „ќе ја плати цената“
Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2019
На Балканот му се закануваат силни бури, кои би можеле да бидат способни и да создадат тронада, а од Запад доаѓа пекол, ја пренесуваат прогнозата на Акуведр , хрватските медиуми.
Имено, како што се пишува, Акуведр за летото оваа година во Европа предвидува дека тоа ќе биде исклучително топло, ако не и со опасни продори на „жестоки бури“. Во извештајот се наведува дека и подрачјето на долготрајни горештини ќе се протега од Португалија и Шпанија до Полска и Унгарија.
-Горештината ќе биде долгорајна од претходното лето кога рекордни температури се мерени во делови на Португалија, Белгија, Холандија, Германија и Скандинавија, но траеле, генерално, околу седум дена-напишал Ерик Лестер, еден од метеоролозите на Акуведр .
Тој наведува дека температури повеќе од 38 степени може да се очекуваат на потегот од северна Франција, Белгија, Холандија, кон Полска, Словачка и Унгарија.
Друг метеоролог Taјлер Ројс вели дека температури повеќе од 40 степени би можеле да се очекуваат во делови на источна и јужна Франција, а дека најлошо ќе биде во Португалија и Шпанија, каде е можно неколку дена по ред температури од 43 степени и повеќе.
Сепак, тропските горештини нема да ја зафатат цела Европа. Една од нив е и Скандинавија.
Горештините не би требало да бидат исклучок и на Балканот, но со многу „лоша цена“: на потегот од Грција се до Србија и Романија на север, и Бугарија на исток се предвидуваат бури со грмотевици.
-Овие бури ќе донесат бројни громови, поплави и разорни ветрови со град. Најсилните бури ќе бидат во состојба да создаваат торнада-рекол Ројс.