26 Април, 2024
0.0328

ПроКредит Банка со нова мобилна апликација

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во насока на унапредување на услугата за своите клиенти, како и по-ефикасно процесирање на плаќањата на е-банкарство ПроКредит Банка воведува нова мобилна апликација за безбедно и сигурно авторизирање на плаќања преку мобилни уреди.

Новата мобилна апликација има едноставен и модерен дизајн и овозможува 24/7 авторизирање на плаќањата во домашен и меѓународен платен промет. Клиентите ги регистрираат сите налози преку своето е-банкарство, а потоа преку “pop-up”нотификации на мобилната апликација ги одобруваат или откажуваат регистрираните налози. Оваа апликација им овозможува на физичките лица контрола на сите плаќања од нивните сметки и можност за брза реакција доколку има потреба.

“Новите трендови во банкарското работење се насочени кон дигитализација и едноствни банкарски платформи каде клиентите сами ќе може во секое време да ги контролираат своите сметки. Токму поради истата причина, ПроКредит Банка континуирано вложува во унапредување на електронското банкарство. Воведувањето на оваа апликација е само еден од новостите кои ги планираме во 2018 година. Се надеваме дека наскоро клиентите ќе може целокупното банкарско работење да го процесираат преку своите мобилни и нема да има потреба да чекаат ред или трчаат во работно време во филијалите.” – изјави Горан Хаџипетров, Директор на ИТ секторот во ПроКредит Банка.

Во текот на 2017 година ПроКредит воведе и нова дигитална платформа за физички лица која овозможува online апликација за сет банкарски услуги. Преку оваа опција клиентите аплицираат за сите посакувани услуги директно преку интернет,без потреба да губат време за доаѓање во филијала.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет