02 Мај, 2024
0.0300

Промените на породилното отсуство се искомплицираа, но се уште се возможни

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓанската инцијатива за промена на законот за работни односи во делот на породилното отсуство не беше прифатена од мнозинството во собраниската комисија поради низа правни недостатоци, но дебатата за промените и натаму е активна иако се претвори во меѓусебна битка на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Пратеничката Нола Исмајлоска Старова од ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека заедно со пратеничката Магдалена Манаскова ќе поднесат измени на Законот за работни односи кои се однесуваат на продолжување на породолното отсуство за идните мајки.

– Сакам да нагласам дека поднесуваме идентичен закон со граѓанската иницијатива која што беше поднесена и потпишана од 217 мајки до Собранието на Република Македонија и истата како неуредна, беше одбиена на Комисијата за политички систем од страна на мнозинството предводено од СДСМ. Нашата цел не е да ја превземеме граѓанската иницијатива, туку преку овие законски измени да ја забрзаме постапката и да им помогнеме на мајките кои што одново треба да ја повторуваат целата постапка која што ќе трае подолго време и повторно да ја поднесат иницијативата до Собранието на Република Македонија, рече Исмајлоска.

СДСМ излезе со став дека тие ќе бидат на страната на мајките работнички и ќе донесат низа законски измени со кои ќе им ја подобрат состојбата, додека пак ВМРО-ДПМНЕ имале шанси тоа да го сторат изминатите 11 години и не успеале. Сега борбата за продолжување на породилното отсуство што е значајно за многу родители прерасна во политичка и исходот е нејасен.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја