26 Април, 2024
0.0293

Просечниот човечки живот има 26 000 денови –превземи акција!

Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Замислете како би било доколку сите би тргнале од себе и секој на свој начин придонесува во подобрувањето на квалитетот на живеењето?
Замислете како би било доколку секој поединец се залага за креирање на подобра околина и помага во колективниот начин на живеење преку разни акции или постапки. Светот околу нас , а и во нас ќе го направиме подобар, само треба да превземеме акција.

Навистина загрижува неактивноста на луѓето. Се прашувам  што е тоа што ги тера луѓето да бидат толку пасивни и летаргични?Што е тоа што ги тера да повторуваат одредени фрази:Како треба така нека биде! Не зависи од мене!или Ќути има и полошо!

Мора да има некоја позитивна намера вo ваквите изјави?
Дали луѓето се плашат од одговорност? Бидејќи ако кажеме дека некоја работа сепак зависи од нас, ќе треба да превземаме акција, а зоната на комфорот не ни дава да си ја нарушиме комоцијата.
Зошто да менуваме сега нешто, кога ова ни е познато?
А, замислете да направиме промена, како ќе ни биде?
Дали е стравот од промени?

Кога ќе слушнам такви изговори, се прашувам, што ли е тоа што ги тера луѓето да се предадат и да не веруваат во својата моќ, дека можат да променат нешто?

Искуството ме води кон идејата дека не секој има чувство на припадност.
Првото прашање кое што ми се наметнува е, дали припаѓате во градов, во земјава?
Ако одговорот не е целосно да, тогаш треба да си го поставите прашањето каде припаѓате?

И пасивни и активни, и агресивни и мирни, и тажни и среќни ние секогаш влијаеме на околината. И сета таа пасивност, агресивност, тага, лежерност повторно ни се враќа нас.
Бидејќи сме веќе 21 век, би требало да сме еволуирани во свеста и да прифатиме дека постои некакво системско поврзување. 
Ние сме дел од природата и не сме семоќни. Таа опстојува поради балансот на давање и земање, придонес, поврзаност и синхронизација.
Колку вие давате, а колку земате? Колку вие придонесувате за да креирате околина, заедница и општество во кое вие ќе имате чувство дека припаѓате? 
Што е тоа што ве спречува да направите промена и да креирате подобар живот?
Дали е општеството, околината, семејството, организацијата или сте тоа вие самите?

Кога би се освестиле дека, по сообраќајот и по ѓубрето се гледа колективната свест на еден народ, дали би превземале некаква акција?
Дали со негирањето на вашата одговорност вие одите против себе т.е. му велите “НЕ” и на својот живот?
Знаејќи го фактот дека еден просечен човечки живот брои само 26000 денови, избројте ги вашите денови кои што ви преостануваат и запрашајте се:
Кога ќе го зграпчам мојот живот и ќе му кажам целосно “ДА”?За почеток излези да гласаш!

Марина Анчевска, НЛП Тренер и основач на Центарот за бизнис психологија.


Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ