28 Април, 2024
0.0276

Протест на земјоделци од Облешевско

Објавено во: Агробизнис 15 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Група земјоделски производители од Облешево денеска организираа протестен собир незадоволни од работата на Водостопанство Брегалница и неможноста навреме да бидат зафатени водите од проточниоте реки за извршување на сеидбата.

Доколку до утре Водостопанство не ја пушти водата по каналската мрежа ќе го блокираат, најавија, магистралниот пат Кочани - Штип. Претпријатието, пак, обвинува дека земјоделците му должат 1,2 милиони денари, а имаат уплатено само 276.000 денари што е 20 отсто од долгот.

- Сеидбата доцни, а водата од водотеците и од Хидросостемот се уште не е пуштена. Загрижени сме за севкупните состојби поврзани со сеидбата на оризот, изјави Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Арсов лани, до почетокот на мај ги имал посеано површините со ориз што не е случај годинава.

Одговорните во водната заедница Облешево денеска треба да склучат договор за наводнување за оваа сезона. Како што рече директорот на Водостопанство Зоран Беличев,  секундарната мрежа ја чистат водните заедници, а Водостопанство е надлежно само за зафаќање на бентовите за вода. Механизацијата работи на терен и ќе ги зафати бентовите на реките Брегалница, Масалница и Кочанска река.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?