ПРОТЕСТИ ВО ТУРЦИЈА: Граѓаните го нарекуваат Ердоган крадец и убиец
Објавено во: Балкан 18 Април, 2017
Турците излегоа на протести во Истанбул, Анкара и Измир против резултатите од референдумот со кои претседателот Реџеп Таип Ердоган добива поголеми овластувања.
Граѓаните извикуваа „Крадец, убиец Ердоган“, „Не, ние ќе победиме“.
Тие се незадоволни поради измените на процедурата на гласање и одлуката на Извршната комисија да признае над милион гласови кои немале официјален печат. Ердоган пак изјави дека повеќето од луѓето се задоволни од резултатите на референдумот. Во меѓувреме во Турција е предложено продолжување на вонредната состојба за уште три месеци. Таа беше воведена во јули лани по неуспешниот воен удар за кој властите го обвинија муслиманскиот свештеник Ферула Ѓулен кој живее во САД.