Прв ТВ дуел на Катица Јанева со Јанакиевски и Канческа-Милеска
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
ТВ Нова најави дека во вечерашното отворено студио ќе ги соочи специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Двајцата функционери не беа јавно посочени од СЈО дека се меѓу главните осомничени во двете нови истраги „Топлик“ и „Тендери“ за оштетување на државниот буџет од над 2 милиони евра со наводна незаконска тендерска постапка за јавни набавки при доизградбата на Музејот на македонската борба, како и за проектот „Сончев град“.
Функционерите се почуствуваа повикани и денес двајцата се обратија на јавноста објаснувајќи ги посочените постапки, па доколку сите тројца навистина се појават на дебата ќе може да ги судрат аргументите.
Сепак, мора да се посочи дека главната „битка“ мора да се води во судските институции, бидејќи само таму може да се донесе правосилна одлука. Јанакиевски и Канческа-Милеска го обвинија СЈО дека е продолжена рака на СДСМ и дека се активира во време на предизборната кампања.