Првата голема група мигранти вратена од Грција во Турција
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2016
Грчките власти вратија од островот Лезбос во Дикили 55 мигранти, во рамките на договорот меѓу ЕУ и Анкара, соопшти полицијата.
Во групата има 20 Пакистанци, 20 Алжирци, петмина Мароканци, четворица Авганистанци, тројца Бангладешци, по еден човек од Шри Ланка, Иран и Палестина.
Меѓу нив се 37 лица, чии барања за азил биле одбиени во Грција и на втора инстанца.
Ова е првата голема група, вратена во Турција по обидот за преврат од 15 јули. Започнатата политичка чистка во земјата предизвика затегнување на односите меѓу Анкара и Брисел. На 8 септември Грција вратам петмина одбиени кандидати за азил.
Од стапувањето во сила на договорот Анкара-ЕУ на 20-ти март до почетокот на септември, Грција вратила во Турција околу 500 мигранти, поголемиот дел од нив не побарале азил во Грција или ги повлекле молбите.