02 Мај, 2024
0.0274

Прво па машко! Колкава дивиденда ќе подели УНИ Банка?

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Два милиони евра во дивиденда ќе подели УНИ Банка на сите свои акционери кои имаат акции со право на глас. Оваа деловна банка за прв пат во својата историја исплаќа дивидена и тоа е многу пријатна вест за сите инвеститори особено во овој период кога сите гледаат со крајна воздржаност на вложувањата општо на берзите заради екстерните фактори

УНИ Банка објави многу пријатна вест која беше како нарачана да ја разбие мрачната и летаргична атмосфера која завладеа во домашната инвеститорска јавност. Управата на банката предлага акционерите да одобрат поделба на дивиденда од 220 денари во бруто износ односно 198 денари (3,2 евра) по акција. Оваа официјална вест веднаш позитивно делуваше на цената на таа акција која порасна на тргувањето вчера за 10 отсто и достигна 3.100 денари за акција. Во однос на последната пазарна цена приносот во нето износ би бил над 6 отсто.

УНИ Банка е средна по големина банка на нашиот пазар која солидно се справува со острата конкуренција во нејзиниот пазарен сегмент.

УНИ Банка пријатно изненади најголем дел од домашната инвеститорска јавност со тоа што за прв пат во нејзината историја доделува дивиденда на своите акционери.  

Скепсата кај значаен број од домашните вложувачи во акции настана пред четири години кога УНИ Банка најави, а потоа и оствари, перпетуална корпоративна обврзница. Овој финансиски инструмент беше наменет за познати купувачи и на нив им гарантира исплата на камата повисока од пазарната без дефинирана отплата на главницата односно на вложените средства.

Но сепак по неколку години чекање УНИ Банка направи потег за пофалба и во значаен момент даде голема поддршка за развојот на корпоративната дивидендна култура и се вброи на листата компании чии акции се котирани на нашата берза и дели дивиденда на своите акционери.

Дивидендата ќе се исплати на сите обични акции на 17 ноември годинава, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 31 октомври. Вкупниот износ на дивиденда што ќе ја исплати оваа банка е 2 милиони евра. 

За првите шест месеци годинава оваа банка е во добивка од 1,7 милиони евра односно 6,2 евра по акција. 

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?