02 Мај, 2024
0.0241

„ПРВОТО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ НА ЕЦБ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО ЈУНИ“ - најнови коментари и прогнози на „Генерали инвестментс“

Објавено во: Финансии 11 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Американската економија додаде 303.000 работни места во март (прогнозите беа 200.000), а стапката на невработеност падна од 3,9% на 3,8%.Исклучителните бројки на новоотворени работни места во последните месеци не само што се класичен пример за затегнат пазар на труд како резултат на загреана економија, туку значително влијание има и растот на работоспособното население поради имиграцијата. Се очекува оваа година во САД да имигрираат 3,3 милиони луѓе, што е многу повеќе отколку во периодот пред епидемијата, кога годишно во САД мигрирале околу 900.000 луѓе.Токму зголемувањето на расположливата работна сила овозможува одличните податоци од пазарот на труд во последните месеци да не се претворат толку во притисок врз растот на платите, а со тоа и на инфлацијата.

На стариот континент фокусот беше ставен на податоците за инфлацијата на еврото, која повторно падна побрзо од прогнозите во март и беше 2,4%, меренo со CPI. Базичната инфлација, исто така, падна под 3% за прв пат од февруари 2022 година.Во записникот од мартовскиот состанок на ЕЦБ се посочува дека европските централни банкари се сè пообединети во мислењето дека условите за намалување на каматните стапки наскоро ќе бидат исполнети. Но, барем на состанокот на ЕЦБ кој ќе се одржи во април, основната каматна стапка на депозитите на еврото речиси сигурно ќе остане на 4%, а првото намалување најверојатно ќе биде во јуни.

Откако кинескиот претседател Xi беше домаќин на лидерите од голем број американски и европски мултинационални компании на крајот на март, со цел заживување на инвестициите од Западот, американската министерка за финансии Janet Yellen, исто така, ја посети Кина минатата недела.Во срцето на разговорите меѓу различни претставници на кинеската влада и Yellen беше економската политика, која им овозможува на кинеските компании со огромни субвенции да ги избркаат западните конкуренти од пазарот по дампинг цени.Овој тренд е особено очигледен во автомобилската индустрија и соларните панели. Американската министерка за финансии не објави многу детали во реакциите по четиридневната посета, но во исто време не ја исклучи можноста за воведување царини за некои кинески производи.

Берзанските индекси не посветија особено внимание на  повисоките каматни стапки во последните недели, но тоа не важи за пазарот на обврзници.Бараните приноси на најследените државни обврзници се искачија близу највисоките нивоа оваа година. Ова покажува дека инвеститорите стануваат се помалку сигурни околу намалување на каматните стапки поради подобрувањето на економските услови.

Последново, и покрај непроменетите каматни стапки на централните банки, има доволно позитивен ефект врз берзите што само ги форсира повисоко, но во исто време има и инхибиторно дејство на пазарите на обврзници и како резултат на тоа, дури и со падот на инфлацијата, тој веќе нуди вистински поврат на инвеститорите во обврзници.

Целосниот преглед на тековни случувања прочитајте го на линкот подолу

Пријавете се за финансиско советување


Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?