fake panerai watches Психолог од Хардвард: Успехот во било која ситуација зависи од овие три работи
02 Мај, 2024
0.0273

Психолог од Хардвард: Успехот во било која ситуација зависи од овие три работи

Објавено во: Стил 09 Март, 2016

Добивај вести на Viber

 Ејми Куди можеби на јавноста и е најпозната по „позата која ја емитува вашата моќ“. Како што открила во својот „TED Talk“, најважна е поврзаноста на умот и телото, рекла за Бизнис Инсајдер.

Присвојувајте го говорот на телото на моќните луѓе како би се чуствувале и однесувале со самодоверба. Таа наведува дека основен предуслов за успехот е да бидете присутни и свесни на настаните и затоа да имате повеќе самодоверба. Без разлика на која ситуација е во прашање, кога другите видат дека сте присутни, а да не се „изгубени“ веќе ќе имаат подобра слика за вас. И тогаш ќе се видат овие три работи.

1. Верувајте во она што го говорите

Кога сте присутни вие покажувате убедување и страст, така што и другите луѓе доаѓаат верувајќи во вашата приказна. Направена е студија во која испитаниците објаснувале зошто тие се најдобри за таа работа, и требало да бидат искрени. А испитувачот имал целосно неутрален израз. Тие кои биле искрени, присутни и на кои повеќе им се верувало се вработени.

2. Имате самодоверба и сте без ароганција

Што помалку ги вклучувате другите и нивните мислења во процесот, се позатворени сте. Луѓето треба да бидат агресивни и ладни. Интерацијата со другите е клуч за излез од секоја ситуација. Спротивно, се може да лични на тоа дека се обидувате да ја сокриете несигурноста. Ароганцијата е параван за несигурност. Присутното лице дели и прима совети, а успехот го има во интегрирањето.

3. Вашите вербални и невербални комуникации се во синхрнонизацијата

Кога работите не се како што треба или кога намерно некој го лажеме, нашите вербални и невербални комуникации се неусогласени. Тоа е затоа што често се обидувате да го прилагодите она што го правите и говорите она што другите го сакаат или треба да го видат. Од друга страна, кога сме присутни нашето вербално и невербално однесување си одговара едно со друго. Луѓето не се обидуваат да сфатат зошто нешто не штима туку веќе ви посветуваат доверба. Најважно е да бидете сигурни во себе и другите ќе бидат посигурни во вас.