02 Мај, 2024
0.0267

Пукна тиквата во „Пекабеско“? Малите акционери бараат од Кутревски 30 евра дивиденда по акција

Објавено во: Економија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Мали акционери во „Пекабеско“ решија отворено да бараат исплата на дивиденда. А тоа барем засега изгледа дека не е план на доминантниот акционер Слободан Кутревски. Каков ќе биде расплетот во најголемата, угледна и профитабилна домашна месна индустрија останува да видиме...

Група малцински акционери побараа од Слободан Кутревски исплата на дивидена од добивката за 2019 година и тоа по 30 евра во бруто износ за секоја акција. Ова е дел од предлогот што пред две недели група мали акционери го доставиле до најголемата домашна месна индустрија „Пекабеско“ за претстојното акционерско собрание што ќе се одржи во септември.

Со овој чекор малите акционери покажаа фронтално и отворено спротивставување на досегашната корпоративна пракса „Пекабеско“ да не дели дивиденда. Ова е редок и необичен случај во досегашната копроративна историја мали акционери да се охрабрат и да бараат остварување на нивните права од доминантниот сопственик – во случајов исплата на дивиденда на нивните влогови во акции на „Пекабеско“.

Овој предлог доаѓа откако управувачкото тело на „Пекабеско“ предлага за претстојното акционерско собрание акционерите да одобрат да не се дели дивиденда туку добивката од лани (1,8 милиони евра н.з.) да остане нераспределена. Наспроти овој предлог малцинските акционери предлагаат компанијата да подели 903.000 евра како дивиденда. Доколку се согласи доминантниот акционер Слободан Кутревски (кој поседува 80 отсто од акциите н.з.) тој ќе добие дивиденда од 722.000 евра.

Во својот предлог малцинските акционери искажуваат незадоволство од нивниот третман од страна на доминантниот акционер Слободан Кутревски и информираат дека веќе против друштвото водат судства постапка која е резултат на ланската одлука со која акционерот Слободан Кутревски на директорот Слободан Кутревски му даде менаџерска награда од речиси еден милион евра, а одби „Пекабеско“ да подели дивиденда.

Воедно малцинските акционери имаат забелешки и на начинот на наградување на менаџментот, а детално нивните предлози може да се прочитаат на СЕИ НЕТ платформата за информирање на акционери и инвеститори на Македонската берза за хартии од вредност.

„Пекабеско“ е една од најуспешните домашни компании за производство месни преработки. Најголем акционер е Слободан Кутревски, а уште 53 домашни физички лица заедно поседуваат малку повеќе од 10 отсто од акциите.

Доколку Кутревски прифати да поделат дивиденда, таа информација ќе биде силен катализатор за пазарната цена на акцијата на „Пекабеско“. Последната пазарна цена на таа акција е 14.000 денари и е постигната на 22 јули годинава.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?