01 Мај, 2024
0.0307

ПУСТИ МЕРАК: Бонева, Урумов и Ибраими, кој најмногу се офајдил од патни трошоци?

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Силвана Бонева, Атанас Урумов и Бедредин Ибраими – добиле најголеми пари за патни трошоци од Државната изборна комисија за минатата година. Според последните податоци, Бонева добила повеќе од 12 илјади евра, Урумов пак за десет месеци од минатата година добил 6.800 евра, а Бедредин Ибрами добил 3.200 евра. Субхи Јакупи за патни трошоци добил 1.500 евра, по околу 500 евра добиле Рецеп Прекопуца и Игор Милев, Александар Чичаковски добил околу 50 евра, додека Виолета Дума и Сашо Срцев немаат прикажано никакви патни трошоци.

Бедредин Ибраими, кој е член на ДИК од редовите на ДУИ на седниците минатата година доаѓал 157 денови во период од десет месеци. Во одредени месеци, Ибраими прикажал патни трошоци за секој работен ден во месецот, што значи дека секој ден доаѓал во ДИК. 

·  Јануари   15 дена

·  Февруари   23 дена

·  Март   26 дена

·  Април   24 дена

·  Мај   19 дена

·  Јуни   12 дена

·  Јули   9 дена

·  Август   8 дена

·  Септември 5 дена

·  Октомври   16 дена

Според податоците од листите за доаѓање и заминување, Ибраими на седниците доаѓал после 9 часот наутро, и заминувал најчесто околу 17 часот, иако има и денови кога останува и подоцна.


Атанас Урумов, кој е член на ДИК како експерт во десет месеци, на седници на ДИК пријавил дека со својот автомобил дошол во Скопје 85 дена, за што прикажал и патни трошоци. Сепак, Урумов  никогаш не пријавил патни трошоци за секој ден во месецот, како што тоа го имаат пријавено дел од неговите колеги за одредени месеци. Урумов,  единствено во април пријавил патни трошоци за 13 дена. 

·  Јануари   7 дена

·  Февруари   11 дена

·  Март   11 дена

·  Април   13 дена

·  Мај   11 дена

·  Јуни  6 дена

·  Јули  8 дена

·  Август   6 дена

·  Септември 4 дена

·  Октомври  8 дена

Според податоците од патните трошоци, Урумов, на седниците во различни периоди од денот, а многу често останувал по само три часа и си заминувал.

Фактор, веќе ги објави и податоците за патувањата во ДИК на Силвана Бонева. Од ДИК одбиваат да дадат податоци за тоа, во колку саат, на која патарина поминале на доаѓање кон Скопје, и во колку саат на која патарина поминале на заминување од Скопје, членовите на ДИК кои користат сопствени возила и за тоа добиваат патни трошоци, бидејќи од ДИК сметаат дека на таков начин, ќе се загрозела нивната безбедност. Токму тие податоци пак се клучни за да се види дали сметките што се прикажуваат и се признаени се реални.

Н.С

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?