РАБОТА ВО ШВЕДСКА: Убаво е кога на 25-ти добивате плата за тековниот месец
Објавено во: Финансии 12 Септември, 2017
Слободан Муфиќ од Хрватска со својата сопруга и 11 годишна ќерка се преселил во Шведска, земја која ја опишува дека има отворени врати и каде е пријатно на 25-ти да ви исплатат плата за тековниот месец.
Вели дека во Шведска има можности за сите амбициозни луѓе согласно нивните способности и образование.
Муфиќ раскажува дека Шведска се препознава како земја со не толку убава клима и благосостојба.
Додава дека во второто тромесечје на 2017 година во однос на истиот период лани, земјата има раст од 4%.
„Ниту моравме да заминеме, ниту сме го планирале тоа со години. Едноставно со влез на Хрватска во ЕУ на пазарот почнаа да стигнуваат подобри понуди за работа“ - вели тој.
Вели дека заедно со сопругата се преселиле во мал град во близина на Гетеборг. Намерно бирале мал град затоа што им било смачено од голем град како Загреб. Веднаш почнале да учат шведски, а сопругата се вработила во болница каде има лекари и персонал од многу земји.